25.1.09

НЕ МИ СЕ ВЕРУВА !?

...овојпат само накратко, бидејќи сеуште не ми се верува дека тоа се случило, а уште помалку дека оние на кој тоа им е работа (да пренесат информација, да коментираат и едноставно бидат барем малку „новинари„, ако веќе така милуваат да се самонарекуваат) не сврзуваат ниту збор, а камоли реченица за денешниот инцидент во Барселона.
Тоа беше една од причините и за едноминутното молчење на стартот на натпреварот против Нумансија, токму поради тоа се тешки и условите за игра на Камп Ноу вечерва, поради тоа толку многу празни места вечерва и токму поради тоа цела Барселона е во шок! А тие, на кој тоа им е работа, ниту збор за тоа, ниту пак за условите за игра и општата ситуација... Имав среќа, веројатно (и за жал) да го видам тој терен пред само еден месец, снимајќи го турнирот на Корнеља, во Сант Бои де Љобрегат, кој се играше на теренот на Мариано Поблет.


Веднаш до него беше теренот за бејзбол, на кој се случи несреќата со тешки последици,додека тренирал бејзбол тимот на Сант Бои. Четири деца на возраст од 9-12 завршија под рушевините на трибината, која не го здржала овој „ураган„. Неверојатен ветар, со „урагански перформанси„ (којшто дувал со брзина од околу 120 километри на час) денес попладне, а и вечерва ја пустоши Барселона, посебно нејзината околина. (Сант Бои и Корнеља се предградија на Барселона). Многу палми се откорнати од корен, оштетени куќи, автомобили, многу повредени...

Во почест на поранешниот барселониста Франсес Рибас Сангла(популарниот „Кике„) кој почина во 91 година од животот и четирите дечиња од Сант Бои, Барселона го започна натпреварот во тага.

А не треба многу, само треба да се прочита... сепак оди натпревар во живо, на кои се случуваат работи кои се последица на нешто претходно...

2 comments:

  1. Тоа е стварно многу тажна вест... но исто така тажно што рече и ти Филе што нема такви новинари, мислам има ама не се трудат да процитаат а се прават големи новинари...земаат високи плати а незнам зошто...но да се навратиме на фудбалот Барселона повторно триумфира.. и тоа со високи 4-1 иако требаше усте 2-3 гола најмалце да постигнат ето‘о и меси.. но тоа е тоа ако продолзи вака Барселона теско дека некој це и се спротистави иако усте од сега сите ја гледаат со голем респект...поздрав
    Барса Барса барса

    ReplyDelete
  2. Филе навивач сум на БАРСЕЛОНА исто како и ти...но досега не ми текнало да помислам.. и еве сега така си седев и ми текна ''кој е составот на Барселона што ја освои 1 титула во ЛШ '' ме интересира ако знајш, и кази како ти се допадна Барселона со нумансија.поздрав
    Барса Барса Барса

    ReplyDelete