1.6.09

ПСССТ.! . . :-))))))))))

Пред да започнам со пишување, најнапред едно големо извинување до сите вас, мои пријатели со кои разменувам мислења и ставови, а ветив дека на 24 часа пред стартот на финалето ќе го објавам следниот пост.

Не дека треба да барам оправдување, но молам за разбирање, од проста причина што не можев никако да успеам да го спојам времето со возење до Рим, сместување, дружење со луѓе кои за првпат ги запознавам во градот кој сите не понесува во еуфорија, сето тоа залиено со многу пиво, насмевки и позитивна енергија од дружење до нови пријателства... А не сакав воопшто дружењето со вас да трпи со пишување пост по било која цена, напротив, да биде уште поголемо и попријателско во секој нареден пост... Благодарам.


ТРЕТА ТИТУЛА...

Мене одамна ми беше јасно дека ќе се случи тоа. А за тоа не треба многу пак да се распишувам на ферманиве, туку едноставно само да се повикам на неколку постари постови, кои можат да се пронајдат во мојата архива, овде на блогов. А една од работите после проаѓањето преку Челзи, што и на неколкупат објаснував зошто ќе биде полесно против Манчестер отколку што беше против Хидинк.

Сега веќе се е јасно. Сега понатаму не прифаќам никакви коментари од било кој тип, кои не се поврзани со сериозна анализа. Од типот „бољи се„, „ не се бољи„, „ судија педер„ итн...тоа за „у кафана„...

И да не се повторувам по стопати, против Барса може да се игра само затворено , со брза транзиција во контра (евентуално на линија на офсајд). Манчестер иако има статистички најдобра одбрана во Лигата на Шампионите, уште еднаш се покажа дека критичната линија е тоа што Руни, Кристијано, Берба и Парк не се фудбалери кои знаат да играат одбрана. За разлика од нив на пример, Ето`о, Меси, Анри се комплетно спортивни. А и пресингот кои го играат при изгубена топка е комплетно различен од оној кој го игра Манчестер во истиот случај.... За тој дел од анализата нема повеќе да пишувам, бидејќи на неколкупати досега во детали го образложував истото, што всушност и го видовме во Рим (што ми е посебно драго).

Сега малку ќе одморам, ќе и се радувам на победата и ќе ги пресликувам деталите од Финалето во Рим, кое да бидам искрен ме воодушеви до максимум, не само од конечниот исход, не само од еуфоријата која ја доживеав, туку најмногу од фантастичните навивачи на Манчестер Јунајтед кои беа пристигнати од островото, а прикажаа еден феноменален фер однос, едно прекрасно пријателство и расположение, какво никогаш никаде досега не сум доживеал, големина и респект која вечно ќе ја паметам.

Одам да одморам, до следниот пост, кои ќе биде конкретен... со тема: Следната,четврта титула во август!

18 comments:

  1. Најпрво честитки и за третата титула:). Барселона покажа убедливо најмногу оваа сезона во цела Европа и заслужено се радува на фантастичниот успех. Имаше и други добри тимови но сите тие имаа големи осцилации за разлика од Барса која беше најконстантна и најубедлива, не само што освојуваше бодови туку тоа го правеше со стил и со многу голови.
    Фантастична дебитантска сезона за Пеп Гвардиола кој внесе многу позитивна атмосфера во тимот пресудна за историскиот успех.
    Како што и претходно прокоментирав во некој од изминатите постови против Барса знаеше како да одигра само Челзи. Најголемиот дел од фудбалската публика, критичарите, новинарите... ја осудија играта на Челзи и тактиката на Гус Хидинк, но како што и кажав претходно, а ако се направи добра анализа на целата сезона ќе се потврди дека Барса можеше да се спречи само со таква игра. Сите оние кои пробаа да се надигруваат со Барса не само што беа поразени туку беа и посрамотени, тука не мислам на мали клубови туку на гиганти, како што се Лион, Баерн Минхен, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед. Значи Барса во сите дуели каде што влезе со полна мотивација ги доби лесно понижувајќи го противникот.
    Интересно ми беше да ги следам критиките кои доаѓаа на адреса на Хидинк и Челзи, уште еднаш се потврди една моја констатација дека и фудбалските легенди, критичари, фанови се слични на политичарите, бранејќи ги своите ставови ги вадат фактите кои на нив им одговараат или во кои тие веруваат без да погледнат реално на работите.
    Со ова сакам да ја оправдам тактиката на Челзи, но не и да кажам дека Челзи заслужуваше да биде шампион. Ќе бидам реален, гледано од почетокот до крајот на сезоната Барселона апсолутно заслужено освои се што освои, беше најдобра без конкуренција. Челзи можеби и заслужи да ја елиминира Барса, но Челзи одигра многу променлива сезона и не можам да кажам дека бил подобар од Барса. Секоја чест за Каталонците, уште еднаш ќе кажам, БРАВО!

    ReplyDelete
  2. Регистрирајте се на http://maktopblogs.gotop100.com/ поставете си свој банер со големина 120х90, извлечете го копчето и учествувајте во избор за најдобар македонски блог. Може да се гласа за Вас преку кликање на извлеченото копче кое треба да биде поставено на Вашиот блог. Од една ИП адреса може да се гласа не повеќе од еднаш на 24 часа. Најдобрите блогови ќе бидат поставени и на http://blogs-mk.blogspot.com/ Ви благодарам

    ReplyDelete
  3. VISCA BARCA! Pozdrav i cestita 3 titula do site fanovi na Barca! Dobro si pisal File, fanovite na Mancester sega nemaat pravo da se bunat i pokraj onaa narodnata "koj gubi ima pravo da se luti" :D Se izgubi Junajted, nemozese da mrdne osven nekolkute sansi (ni polusansi ustvari ne bea) na Ronaldo, ama deckoto "fails to deliver" na golemi natprevari, vidlivo najveke vo nastapite za negovata reprezentacija, a bogami i klubot. Ne deka Messi pokaza najvise za Barca vo finaleto, ama go resi natprevarot so nesto netipicno za nego, gol so glava. Ocigledno pokaza deka ima bezbroj asovi vo rakavot, i gi zatna "golemite" fudbalski filozofi koi velea deka prednosta na Ronaldo e igrata so glava. Nemaat pravo fanovite na Junajted ama na bas nikakva zabeleska. Sudenje odlicno, igracite na Fergi bea ko guski vo magla, a posebno me iznenadi faktot sto imase dosta greski vo odbranata, posebno od Ferdinand. Toa e. Barca igra najdobar fudbal cela sezona i zasluzeno go osvoi trofejot.

    P.S. Ima gledam po forumi nekoi i blogovi komentari (pa duri i Evra mislam deka izjavi slicno nesto) deka "ne im bil denot" i deka Barca gi pobedila togas, no ne bi gi pobedila drug den.Lame izgovor! Finale na LS bese toa, nema tuka den-ne-den! Mora da se izigra na najvisoko nivo.

    ReplyDelete
  4. Прво честота трета титула годинава и во лигата на шампионите.
    Друго ако минатото лето беше бурно за Барселона во поглед на трансфер периодот ова би било барем толку по бурно, реал пробуда да се засили но дали ке дојде до ефектот на Барса не се знае!
    Трето: Ајде да уживаме во тројката ова не е секоја година.

    Поздрав

    ReplyDelete
  5. tocno cestitki i zasluzeno osven so celzi ama se na se zasluzeno
    sepak za 4 ta titula ke trebit da pocekate do 2030 zatoa sto erata na florentino perez stotoku zapocna i CR7 i Kaka veke se del od GALACTICOS a i Villa e na pat pa zatoa poslusaj me ke bidi poinaku pozzz

    ReplyDelete
  6. ...ne znam kakvo e povrzuvanjeto na zasiluvanjata na real so cetvrtata titula, ali verojatno nesto si se zbunil... a deka real kje bide silen narednata godina i toa e tocno...

    ReplyDelete
  7. посилен Реал-посилна Барса-поинтересно првенство.И конечно да се врати Ла Лига на врвот,доста им беше на Англичаниве

    ReplyDelete
  8. а Реал имаше галактикос па пак не го постигна она што Барса успеа сезонава.и Барса не троши 300 000 000евра а пак е најсилна.

    ReplyDelete
  9. file ti si se zbunil momentalno go imame najulaviot napad na cel svet c ronaldo i Kaka' a na pat e i Villa ete toa ukazuva na 4 tituli drugata godina

    ReplyDelete
  10. CR7 Kaka' i Villa vs Messi Henry i Eto'o ne bi rekol deka go imate najulaviot napad.a dokolku pristigne Ibra,hehehehe poulavi ne moze da bidat so Ibra

    ReplyDelete
  11. koga ke postignat nesto tvojot ronaldo i kaka ke kazeme deka go imate najdobriot napad,a sea reci VIVa Barca i odi na spienje dodeka ne osvoi real nesto

    ReplyDelete
  12. ќе бидат силни реал другата сезона, толку силни што можеби дома ќе издржат и ќе изгубат лабаво 5:1 :)))
    поздрав до бланкос, имаше една народна:
    - Прво скокни па речи, ОП!!!

    ReplyDelete
  13. Како што гледам,Виља почна и да настапува за Реал хахахах.Многу голема мана имаат навивачиве на Реал - предвреме нешто си впишуваат цело време и после ќе плачеме зш не испаднало така.

    ReplyDelete
  14. Djabe mu e na Real ako saka i Pele i Maradona neka gi vratat vo nivnata 21/22 god od zivotot i zaedno so Ronaldo i Kaka vo napadot nisto nema da napravat. Ovaa generacija na Barca ke pravi istoria barem do 2013/2014 ako ne i poveke. Pozz do navivacite na Real nadevajte se, sepak nadezta posledna umira iako ova so mislite da go napravite vo Kaka i Ronaldo nalikuva na son. ama sonuvajte

    ReplyDelete
  15. Читам и се смеам дека Реал лом ке праел со овие играчи шо ги зеде. Имам само едно да кажам РЕАЛ плаќа а Барса се засилува :)))). Не знам како Роналдо, Кака, а можеби и Виља, Ибрахимович и Рибери (еден од овие тројца сигурно ќе оди во Реал) ќе се снајдат заедно во еден тим, а Барса има ѕвезди кои ги создаде нејзината школа. И од 2003-2007 Реал ко ги имаше сите ѕсвезди (Зидан, Бекам, Роналдо, Фиго...) не освои нити еден трофеј. Според мене Перез пак ја прави истата грешка и за нас навивачите на Барса ова е супер.

    ReplyDelete
  16. Ovoj sostav na real ke bide dobar vo 2011 do togas ke gledame uste mnogu tituli na Barca a i 2011 e pod znak prasanje dali ke ostanat site ovie vo real taka da pozdrav do site fanovi na barca i bez grizi Barca ceokri tamu kaj sto treba !

    ReplyDelete
  17. Барса пак ќе бидат шампиони.www.bojanfudbal-bojan.blogspot.com

    ReplyDelete
  18. Dzabe mu e na real koga ne se uigrani nikoi od novite igra4i..Ovie u barca zel zivot igraat zaedno a kaka i ronaldo ne mozat ni muabet da napraat..:D:D (oti razli4ni jazici zboruvaat)

    ReplyDelete