2.4.13

Како се „перат мозоците" и во фудбалот?

http://kajgana.com/kako-se-perat-mozocite-i-vo-fudbalot

Како се „перат мозоците" и во фудбалот?

Случајот „Нејмар“ во Шпанија е интересен момент како се „обработува“ јавноста преку медиумите, за да може да се реализира проект кој воопшто ниту е поддржан во јавноста, ниту меѓу фудбалските симпатизери, а најмалку пак во поширокото управувачко тело на една институција.
Пишува: Игор „Топки" Филевски
Од тие причини го земам и како тема која најексплицитно објаснува како функционираат и фудбалските клубови кои прават годишен „обрт на пари“ и по неколку милјарди евра. („годишен обрт на пари“, не е исто што и „профит“, за помалку упатените фудбалски читатели)
Секој претседател на клуб си носи проект за реализација. Разликата меѓу ФКБ и Реал Мадрид  досега многупати сме ја објаснувале и расчленувале до најмали детали, така што сега би било и отповеќе да се повторуваме. Едната институција функционира и го бира Претседателот со одобрување на членовите на клубот (СОСИ), а другата ја одобрува Бордот и најтесното раководство го бира Претседателот, според неговите планови и предложени акции. Од тие причини ако клуб како Реал Мадрид одлучи да го донесе Кристијано во тимот, се консултира со најтесното раководство од Бордот, кое всушност и обезбедува пари, се консултира со спортскиот директор и на крај сето тоа го верификуваат заедно со првиот тренер. Додека во клуб кој на некој начин е „акционерско друштво“, мора да се сложат сите во Управата, а воедно и да се убедат СОСИ-те дека тоа е исправна одлука. Затоа што ако „се претера“ и се оди против волјата на членовите, може во секој миг да се повика гласање за „цензус и отповикување на претседателството“ и смена на вонредни избори (бидејќи гласаат сите СОСИ членови) Или во најмала рака да се изгубат следните избори по завршување на мандатот.
Значи тоа е приказната во нејзината техничка функционалност.
Е сега какво е движењето на нашата приказна?
Нејмар.
Сегашниот претседател, преку својата компанија која го има и најголемото застапништво на силен спортски бренд за Јужна Америка (со кој е поврзан и фудбалерот), воспоставува комуникација со Нејмар и го привлекува во ФКБ. Во него го гледа екстра профитот од менаџирањето со него и затоа се дрзнува „да го има покрај себе“ и да ја „надгледува“ неговата патека. Потпишува интерен, „граѓански договор“ со кој му се исплатуваат неколку милиони на Нејмар по основа на „трошоци за развој и унапредување“ (ова е само слободен превод на ставката која е „неодредена“ и се однесува на „тековни трошоци“). Оваа „граѓанска“ исплата никако не може да влијае технички ако Нејмар потпише договор со било кој друг клуб во 2014 или пред тоа. Тоа е затворен интерен круг на земање и враќање на парите во понатамошниот тек од „дружбата“. Профитот е преголем не само за фудбалерот туку и за неговиот „менаџер на договорање на зделката“ во случајов претставникот кој на некој начин учествува  како „трета страна“ меѓу ФКБ и фудбалерот, а индиректно е Росељ на чело на суштината.
И тука започнуваат вплетканите работи, со кои сега треба да се убеди јавноста (СОСИ-те) дека тоа е одлична зделка.
Започнуваат со мас објави низ „нивните“ медиуми. Секој ден, ама буквално не постои ден да нема барем едно антр-филе во „СПОРТ“ или „ЕЛ МУНДО“ каде што тема ќе е Нејмар. „Колку е тој добар, колку е тој важен во овој момент за клубот, колку тој сака да игра во ФКБ, колку го почитува Меси, се интервјуира татко му, роднини, братучеди и т.н. Во исто време се форсираат гости по телевизиите во „платена ПР кампања“ на истата тема. Се форсираат и „кешираат“ новинари кои ја одработуваат приказната во име на Росељ. Но, за да биде сето тоа вистина и за да поверуваат широките СОСИ маси, ќе забележите (но, само во каталонските медиуми) дека одеднаш и Реал Мадрид нуди огромни суми за Нејмар. Па имате потоа пак „враќање назад на топката“ во стил „колку и да сака Реал, ние сме поблиску до него“ итн, итн. А во Мадрид, ниту имале намера, ниту пак е ставен на листа за купување. Потоа следуваат ставови дека „Нејмар не размислува за Мадрид, сака да игра во Барселона“, ниоткаде повикан за таква изјава.
И сето тоа се форсира секојдневно, додека „не се исперат мозоците“ на „членовите“ кои треба да ја одобрат одлуката.  А воедно и да не се загрози новиот мандат токму во годината кога Нејмар ќе треба да „потпише договор“.
Така се „перат мозоците“ и овде и секаде во светот.
(А ако пресметате, забележите и анализирате, ќе видите дека на пример фудбалер како него е најмалку потребен во концептот на играта на клубот. Има далеку поквалитетни, поефтини и по потребни имиња кои ги имаме во Европа, а кои можат комотно да се вклопат во веќе сложената тактичка приказна)
Сега прашање е колку медиумите ќе го одработат сето она кое е наложено од еден човек и неговата компанија која на крајот треба да го има и завршниот годишен екстра профит од сето тоа, а во исто време сите да мислат дека тоа е најдоброто за клубот и дека благодарение на СОСИ-одлуката е завршен договорот позитивно за клубот.
Ви текнува на филмот „Инсепшн“ со Леонардо ди Каприо.
Тое е истиот муабет, само во друг аспект... и на многу пониско ниво :-)

No comments:

Post a Comment