10.4.18

Зошто?


Има еден чуден човечки феномен што карактерната особина, на секој од нас, поврзана со „почитување на другиот“, не`двои дали сме „говеда неотесани“ или сме „луѓе на место“.
Во превод, во прво лице еднина, тоа би било вака: - ако јас ги почитувам твоите правила, твојот дом, твојата личност, твоите навики и твојот животен избор, зошто е толку тешко тоа да се случува и во обратната насока? Зошто секогаш за „говедата неотесани“ се нуди изговорот „добро де, не замерувај, го знаеш каков е, не му земај здраво-за-готово“ и слични имбецилни клишеа?
Зошто?
И на крајот од краиштата, зошто па да почитуваме „личности“ кои не не` почитуваат нас? А посебно е ова важно и пречи кога сме во километража и години кои не трпат компромиси за квалитетен живот. Ајт мрш упм...
П.С.
Факт е дека ова е и вечна психолошко-философска тема со многу дилема, но како што човек се развива така навлегува се` подлабоко во суштината на секојдневието и генерално животот.

No comments:

Post a Comment