20.6.18

Конечно крај за БЈРМ/ФИРОМ

... на сите ни е јасно дека проблемот со името и она кое го носевме како ФИРОМ или БЈРМ беше нефер и генерално имбецилен проблем што ни беше наметнат од аспект на Моќ, што стана услов за чекорење кон иднината на секој жител на државата. И конечно крај за понижувачкото ФИРОМ/БЈРМ.


Кога веќе бевме принудени да бираме и да прифатиме промена безпоговорно, веќе е јасно дека овој последен договор што треба да се ратификува, потенцира и за нашиот јужен сосед дека ќе имаме загарантиран и потврден идентитет. Еднаш засекогаш веќе ќе е јасно секому, на сите соседи на „идната“ Република Северна Македонија и на светот, дека Сме и засекогаш ќе Бидеме Македонци. Веќе тоа никогаш нема да биде ниту прашање, ниту можност за некаков спор!

Од друга страна, ќе станеме единствена држава на Балканот која нема веќе да има ниту едно спорно, отворено и нерешено прашање со соседите. Ќе станеме држава која ќе ги има регулирано сите свои граници, а токму тие проблеми со соседите со овој последен исчекор од спорот, ги реши на најцивилизиран и најсовремен европски начин, со седнување на маса, со разговори со преговори и договори.

Македонците, да Македонците, ќе останат засекогаш грижа на државата, каде и да се низ светот, на истиот начин и со истиот концепт како што и досега се грижеше за своите иселеници и како што тоа е уредено во секоја земја членка на Европската Унија, без никакви исклучоци и без никакви проблеми.

Затоа, како единка, го прочитав детално тој договор и го поддржувам конечното решение во спорот со Грција, бидејќи сите граѓани на оваа држава, не само ние Македонците, заслужуваат поквалитетен и поубав живот во рамките на континентот.

(Бидејќи секој граѓанин фер е да учествува во одлучувањето за крајот на овој спор, убаво е што ќе има Референдум на кој секој ќе може да го покаже својот став. На крајот од краиштата, ако успее тоа е тоа. Но и да не успее, пак ќе е тоа-тоа во друг концепт. И повторно и потоа пак секој со својот избор, да оди напред, да тапка следните децении во место или да се враќа наназад во некоја друга форма. Важно е дека секој треба да има право да го даде својот глас. Фер.)

No comments:

Post a Comment