5.2.08

ОФИЦИЈАЛЕН СТАРТ НА „МОЈОТ СТАВ„

Во само три кола шпанската фудбалска лига покажува исклучителен квалитет. Алмерија, Еспањол, враќањето на Валенсија, па дури и Депор се само задоволство повеќе од она што се разгорува како битка која допрва ќе следи меѓу бранителот Реал Мадрид и Барселона.
Пред некоку дена имав и јавен осврт во „Топки„ дека претпоставувам, а и статистиката вели, Меренге ќе се игра на крајот на сезоната. Вчера Барса победи, еден гол за 6 бода, во минус. Иако изгледа дека на Реал може лесно да му се лизне титулата, тешко дека и „РЕАЛно„ ќе се случи. Шустер беше изненаден, но добро ги држи уздите на кризата во играта и кризата со повредите во одбранбената линија. Исклучително силниот среден ред и киксовите кои ги имаше со лошите проценки за смена во саботата, резултираа со двата гола на „црвените хитанас„ од Андалузија. (забелешка: не во навредлива конотација, но Алмерија е град со најголем број на Роми).
Но, веќе следниот дуел против Виљареал, ќе биде сосема друга слика.
А Рајкард има по малку и среќа. Лошиот избор, кој почесто го прави посебно во истерувањето на инат пред навивачите, со тоа што намерно го „лизга„ Дињо, можеби скапо да го чини веќе в сабота. Кануте и Фабијано се во топ форма. А Валдес ќе мора да ги оправда пофалбите од Кројф дека во моментов е број 1 во Примера, и тоа посебно што е тој број 1 - пред Касиљас.

Филевски.


П.С.

„Од тие причини од денес и официјално, тест периодот на мојот блог завршува. Можеби оние кои имаа можност во минатите 30 дена да ја посетат оваа страница, прочитаа секакви текстови, од сега па натаму, ќе биде место и тема само за она кое постојано го работам... 24 часа дневно, 365 дена... „

7 comments:

  1. Darko100%sport08:02

    Филе ај честито... Што се однесува до Рајкрад не сакам многу да пишувам кај мене на блог пошто оставам останатите блогери за Барса да пишуваат но од нив абер нема. Инаку искрено да те прашам. Кројф знам дека критикува се и сешто, но дали мислиш дека Балдес е подобар од Касиљас? Според мене ни во првите пет не би го броел во Примера. Ако не се согласуваш наброј ми неколку прични што го прават добар голман.

    ReplyDelete
  2. Darko100%sport08:09

    И уште нешто. Нели овој стадион кој го снимаш горе на банерот е Монѓуик. Мене така ми се гледа.

    ReplyDelete
  3. Епа ајде Филе нека ти е со среќа.Сакам само да кажам дека интересното во лигата штотуку следува бидејки сега ќе бидат тешки и натпреварите миѓу Реал односно Барса со помалите екипи кои штотуку ќе ја почнат борбата за опстанок.А како што ја гледам табелата за опстанок сезонава ќе се борат најмалку 9 екипи.

    ReplyDelete
  4. armin0611:13

    Ај со среќа блогов.Валдес пред Касиљас.ХАХ.Многу ми е смешен Кројф...сака да го вратат назад хах....Што беше тој потег на Рајко фризура во неделата...играше без природен шпиц, а бркаше резултат.Чави ве извади.Се надевам на јаки дискусии.поздрав.Те ставам во пријатели:)

    ReplyDelete
  5. Филе23:01

    Дарко, тоа позади што ги гледаш како седишта се од Камп Ноу, клупата на Барса, а јас тоа сто го сликам е Олимпискиот стадион во Атина....:-))
    ПоздраФ. ...и фала за честитките

    ReplyDelete
  6. Ке се потрудам следниот пост да ми биде токму на темата Валдес и Касиљас, само уште еднаш да ги проверам и последните статистики... а Кројф има убава теза зошто е бољи, само да ја најдам и ќе ти ја пренесам и неа....

    ReplyDelete
  7. Фала горан-типс , Фала арминфун...:-)...

    ReplyDelete