8.2.08

МУРИЊО ПРЕД ВРАТИТЕ НА КАМП НОУ

Нешто што деновиве ми отвара тема на размислување е „Дали Мурињо ќе дојде во пакет со Дрогба, во Барселона...или Милан?„. Можеби на прва топка изгледа само како уште една „патка„, но откога подетално ги ставив на маса сите информации со кои располагам, сфатив дека тоа не е само веројатност, напротив, скоро и 99% можно, само прашање е дали емоциите на Лапорта ќе пресечат.
Зошто и Како?
Прво ќе поделам со Вас неколку информации... Мурињо веќе неколку години живее (во слободно време кога обврските не го водат надвор, но сепак куќата е негова и е најчесто таму со фамилијата) во источните предградија на Барна. Комшија му е Ван Гал, две места подолу (од другата страна на Кастелдефелс) е Рајкард. А во Кастелдефелс се Дињо и Меси. Пред неколку дена и Лампард ја капариса куќата од 4 милиони евра.
Значи, на Мурињо воопшто не му се нови муабетите „за и околу Барселона„ во последниве години. (да не се навраќам на времето кога ја напушти како помошен тренер) Во претходните денови, го видов на еден од преносите од натпревар на Брегот на Слоновата Коска, каде и воопшто не крие за неговото прекрасно пријателство со Диди.

Пред две недели се пренесе веста дека Дрогба и Ето веќе разговарале и си размениле искуства, како би изгледале двајцата во тимот на Барса.
Вчера исто така сите ја пренесоа веста од Диди, дека „од лето наваму или Милан или Барса е неговата следна дестинација„.
Во меѓувреме, од минатиот четврток, па до синоќа, Лапорта на три прес-конференции образложува дека договорот со Рајкард не размислува да го прекине. А во последната колумна за „Ел Периодико„, Кројф го пишува истото, „...не е лобист за доаѓањето на Мурињо, бидејќи пред се, Рајкард му е пријател„.
И сега се поставува прашањето, зошто толку врева околу Мурињо?
Сите во и околу Барса организираат пресови, објаснуваат низ медиумите дека нема ништо од тоа, Дрогба „пушта црвчиња„, а Мурињо мртов ладен, си седи и си гледа фудбал и понатаму си дели по некој коментар на Јуроспорт.
Не е ли нешто толку сомнително, дека се готви, но очигледно сега не е моментот?
Следуваат многу важни натпревари во Примера, се бркаат „кралевите„ со минус шест, за десетина дена на ред е Селтик, а набргу и полуфиналето во Копа дел Реи. Ако сега се наруши атмосферата, веќе може Барселона да се прости од се. Рајкард своето разочарување ќе го пренесе во соблекувалните, фудбалерите ќе се депримираат и каде ли ќе биде крајот на еден од најскапите клубови во светот. А подоцна, ниту ремонт нема да може да ја опорави „менталната склопка„ на тимскиот дух.
Очигледно, затоа Лапорта и неговите пулени (дел од медиумите) се растрчани што почесто да повторуваат: „...се е во ред со Рајкард, тимот е во одлична состојба.„.
Но, под сите информации „клокотка„ вулкан кој очигледно летово ќе ја доживее својата ерупција.

А зошто баш летово, а не сега?


Прво, ритамот не е убаво да се менува на средина од сезона, посебно пред старт на многу важен циклус.
Второ, сепак и во раскинување на договорите постојат клаузули за негативни поени (пари) кои во овој случај, не ни се познати.
Трето, состојбата со Дињо е сеуште статус кво. Мора Лапорта што поскоро да пресече, „Дињо (кој е негов проект) или освежување? А што подоцна го продаде, помалку пари и од обештетување ќе земе. И очигледно дека со доаѓањето на Лампард и Дрогба, мора да се ослободи место, а тоа веројатно ќе биде во Деко, Дињо, можеби Чави. (заб.: Лампард тоа преќутно го прави, но веќе сите го гледаат од наредната сезона во Каталонија, а има и фамилијарна причина).
И четврто, а можеби и најважно е што наредната година 2009 стартуваат подготовките за избори во Барселона. Лапорта сака уште за време на следната сезона, со звучните имиња и со ветување дека прави тим за наредните 10 години, да ги собере гласовите на сите гласачи, не само во градот, покраината и државата, туку насекаде низ светот. (заб.: Право на глас имаат сите членови со платена членарина во континуитет најмалку две години. Тука влегуваат сите, од Сосиото на клубот, па до сите оние во Македонија, кои редовно ја плаќаат членарината од 150 евра годишно - ако ги има?).
Значи веќе приказната добива сосема нова димензија. Верувам дека сега и Вам Ви е појасна.
А дека нешто значајно ќе се дознае пред завршување на сезоната, повеќе од сигурно е дека, нема.
Ерупцијата ќе ја очекуваме летово... Вулканот тогаш ќе заживее.

П.С.

„Ако по некоја случајност овие претпоставки не се реализираат (што е скоро неможно, според мене) тогаш пакетот „Мурињо+Дрогба„ ќе добие нова адреса: Милано.„

7 comments:

  1. armin0608:43

    Одлично разглобено и изџвакано постче.Како прво мислам дека најдобро за Барса е да го рехабилитира Дињо што побрзо и на продажба на лето,што повеќе пари да му земат додека е се уште врел на пазарот.Второ ова за Мурињо и Дрогба и мене ми се чини вака,Дрогба сам си кажа дека сака,Мурињо ја одби Англија за ангажман во голем клуб.Ги сакам двајцата во Барса.Да ти кажам прави ме заплашува како ке изгледа Барса со Мурињо на клупа(еден од омилените мои тренери).А Дрогба повеќе сакам да дојде во Барса одклку во Милан знам дека е тоа лошо за мојот тим ама ако,ич не ги сакам Милан.
    Се разбира дека ке биде застрашувачки тој тим и таа комбинација на Барса ама затоа сме кралеви за да се соочиме така?Примера ке биде најгледана и најјака.поздрав

    ReplyDelete
  2. Поздрав Филе
    Ова шо го пишуваш може и ќе биде така, а можеби и не... сепак во последните неколку годни сведоци сме дека по медиумите се шпекулира се и сешто, за да на крајот не испадне ништо... затоа ќе причекаме до летото...
    Фан сум на Барса (загрозен) и по мене Дињо МОРА да остане... како да ги заборавивме неговите игри и тоа кој е што е тој... тој е најдобар, само му треба поддршка, да ја мине кризата...
    Инаку оддамна велам дека Рајкард мора да си оди, не само заради несогласувањата, туку и заради тоа што е прочитана книга и Барса со него игра бавен фудбал... комплициран до даска...
    еве, и пишував за тоа
    http://redfinger.blog.com.mk/comment/reply/116943

    Мурињо не го сакам баш, ама е добар тренер, иако јас повеќе би сакал да го видам Венгер или Кројф (повторно)

    Поздрав и се читаме редовно

    ReplyDelete
  3. Филе Мурињо, пред вратите на Брегот на Слоновата коска ???

    Фино вака шо си отворил блогче. Убаво од твоја страна, да има човек кај да те коментира. ;)

    За Мурињо, најискрено се надевам дека ќе оди у Барселона. Иако и втората опција е возможна, но едно е јасно кај и да отиде тимот ќе има успех и ќе биде медумски најеспониран.

    За Италија тоа е поповолна ситуација, ќе се крене нивото на гледаност.

    Поздрав!!!

    ReplyDelete
  4. armin0602:18

    Едвај чекам емисијава во сабота.Да видам коментар за со Ваљодолид.
    За темата поише сакам да дојдат во Барса Дрогба и Мурињо од колку Фабрегас и Венгер е тогаш веќе ке биде жустро.поздрав.

    ReplyDelete
  5. Некој го спомена Венгер?
    Ах, да.. Јас..
    На моја радост, а на жал на арминчо, денешниот мундо депортиво ја донесува веста дека Венгер е цел на Барса. А со тоа и Фабрегас.
    Арсен одлично ќе се вклопи, иако мислам дека тешко тој да го напушти своето царство во Арсенал и да дојде во Барса...

    ReplyDelete
  6. Anonymous22:24

    Мислам дека тоа со Венгер и Фабре е само амортизација на ситуацијата со Мурињо. Прво Венгер има минимум 10 причини зошто нема да си замине од Арсенал, а Фабре беше излезен од кантерата на Барса, во исто време со Чави и Иниеста. Така да малку е нелогично повторното враќање. Целта на кантерата е создавањае на фудбалери како нив, некои со пристап веднаш до првиот тим а некои за продажба. Инаку ако забележуваш информациите за Фабре кои ги објавуваат во шпанските медиуми, се извори кои се пренесуваат од Англија. Така да информација која доаѓа од Каталонија или Барса, па макар и шпекулација за Фабре или Венгер, тоа барем досега не било. Инаку имало теми на кој одговарале луѓе од Барса за тоа дали Фабре би можел да игра во Барса сега, ама пак првичните извори доаѓаат од Англија... а тоа веќе многу кажува, нели?

    Филе.

    ReplyDelete
  7. Darko100%sport11:43

    Постот е фантастичен.

    Што се однесува до Барса. И во случајот со Реал се покажа дека внатрешните клубски превирања секогаш носат негативност истото се повторува и сега на Ноу Камп.

    Интересно е прашањето, дали навивачите на Барса го сакаат Мурињо? Особено знам дека многу од нашиве навивачи на Барса(барем од блогрите) го мрзат Мурињо од дно на душа.

    Лампард би бил најкатастрофалното засилување во историјата на Барса. Типичен ангслиски тип на фудбалер кој во Шпанија а особено во офанзивен и креативен тим како Барса ќе се изгуби. Подобар од него би бил и Деко доколку играл во неговата мизерна форма од пред некој месец.

    Најдоброто нешт за Барса е да доведува исклучително избрани и потребни засилувања и да се потпре на најсилното оружје кое го има во моментов а тоа е кантерата.

    Мора да се направат и некои промени и иако со тешко срце да се направи чистка па макар и на некои од ѕвездите.

    ReplyDelete