6.2.08

КАСИЉАС ИЛИ ВАЛДЕС?

На прв поглед на последните натпревари, посебно од Ел Класико па наваму, Касиљас е сигурно најдобриот голман во Примера. Многу бодови Реал освои благодарение на одбраната со неприкосновениот столб, токму Касиљас. Не само што и го заслужува тоа место, туку веројатно во споредба со останатите во Европа е меѓу најдобрите. Но, на официјалнита статистика од стартот па до овој момент (23 коло) Виктор Валдес води. Прво во 22 натпревари има примено само 14 гола, наспроти оние на Касиљас, кои се 18 во 22 натпревари. Коефициентот 0,64 гола по натпревар наспроти 0,82, се нешто што не смее да се занемари. Но факт е исто така дека Касиљас, од коло во коло, со исклучок на едно од последните 5, е во првите 11-мина на колото. Пред неколку дена, Кројф напиша дека Валдес е подобар од Касиљас и токму и меѓу елементите кои се најважни за нивната позиција, не само примените голови и одбранети минути... Она што Касиљас го брани, одбивајќи го во аут или повторно во игра, Валдес, го фаќа најчесто како „жива топка„. За последните два натпревари и јас лично се уверив во тоа, но ова ќе го оставам за заедничка опсервација во наредните средби. Сепак треба малку повеќе натпревари да се одгледаат со исклучително внимание на нивните игри, со комплетен осврт не само на статистиката туку и на движењата, одбиените топки, поставеноста, слободните удари - жив ѕид итн...Е тогаш веројатно ќе можеме и попрецизно и аргументирано да зборуваме - Касиљас или Валдес? Тоа си го поставувам како задача во наредните две недели, така што со петте одгледани натпревари во однос на Валдес и Касиљас, ќе може да се потврди или да се побие. Но нека бидат аргументите пред се. А сега - засега, аргументите се на страната на Валдес.

11 comments:

  1. Vasko Panovski TERMINATOR07:35

    Според мене, далеку подобар е Икер.. Во споредба со Валдес е поконстантен, поконцентриран, посигурен... Според мене - подобар... Нема да го заборавам киксот на Валдес кога му подари гол на Белами во Лигата на Шампионите. Тоа го однесе мојот Ливерпул понатаму. Нормално дека сум му благодарен, но тоа прави и да бидам во него несигурен. Поздрав

    www.liverpool_empires.blog.com.mk

    ReplyDelete
  2. Anonymous08:32

    Валдес има подобар просек од Инкер само поради двата последни натпревари во кои Реал влезе со би рекол премногу проблеми во одбраната.Токму поради тоа Реал прима 4 гола и сега тоа го прави Валдес подобар со што јас лично никако не можам да се согласам бидејки како што вели и Васко Инкер е посигурен,поконстантен а исто така мое мислење е дека Инкер има и големо влијание на играта на Реал.Единствено ми се допаѓа одбраната на Валдес во последните секунди од натпреварот против Осасуна кога одбрани бомба и ја спаси Барса.
    goran-tips.blog.com.mk

    ReplyDelete
  3. Филе09:54

    ...сепак да не ја забораваме статистиката. Таа не се создава за еден меч или два. А на крајот, еве ги следните натпревари и ќе ги следиме па ќе видиме дали ќе се потврдат бројките или не...

    ReplyDelete
  4. Lavot18:08

    Филе, Икер е веќе докажан - прв голман на Шпанија, избран за најдобар во светот за 2007.

    Од друга страна нашиот Валдес е добар голман, ама често прави смотани киксови кои му го туркаат реномето и го доведуваат до ситуација обичните навивачи да се потсмеваат со него. Инаку, околу статистиката, не заборавај дека ние ги имаме Пујол, Милито или Маркез. Лево е Абидал! Одлична дефанзива. Не дека реаловци се послаби во одбрана, ама кај нив Пепе никако не може да им одолее на повредите, Канаваро знае често да киксира, Рамос кога игра десно има слаб ефект во дефанзивата, а кога играат Рамос лево и Салгадо десно, одбраната им е швајцарско сирење.

    Сепак, баш поради тоа што го наведов, Валдес премногу се потценува, а вреди повеќе од тоа. Но, за да го надмине Икер и да се цени повеќе во светот, ќе треба да не лиши од такви смотани киксови.

    Поздрав!

    ReplyDelete
  5. Vasko Panovski TERMINATOR23:01

    Филе, секогаш заборавам да ти кажам.. Ми спомнаа дека си го имал ставено мојот блог на емисија... Искрено не бев во можност да ја изгледам и репризата... Сепак, TNX .. Се надевам ќе ги отстранам забелешките кои што си ги имал за блогот.. Поздрав

    ReplyDelete
  6. ardyyann05:57

    sigurno deka valdes e podobar.. iker imase nekoi odbrani no site topki gi frli vo korner itn. valdes i barcelona se najdobri i ke stanat sampioni... viva barca

    ReplyDelete
  7. A be kakov Vlades ja ne bi go stavil ni u 5 najdobri spanski golmani, a toa za statistikata so go kazuvas File da bidam iskren e sranje, neka se vratat Pepe i Heinze od povredite pa ke pravime muabet koj ke prima poveke golovi, Iker e 2-3 klasi podobar od Viktor, vo Valdes nema nisto posebno, samo blagodarenie na dobriot trening e soliden golman, soliden samo tolku, pa faktot sto nema braneto za Spanja dovolno govori. Pozdrav.

    ReplyDelete
  8. Darko100%sport09:30

    Филе недела дена се маткав со новиов компјутер кој го утепав од сервисирање и бев отсутен.

    Постов ти е апсолутно пре субјективен исто како и мислењата на Кројф.

    Фактите се факти како факти...но во случајов се булшит и ти тоа добро го знаеш.

    Зошто фактите не работат кај Арагонес? Кој е втор голман на Шпанија? Кој е трет голман на Шпанија? Кој голман на Шпанија по ред е Балдез? Кој е капитен на Шпанија?

    Лани во најголем дел од сезоната на листата за најмалку примени голови водеше Абонданзиери. Дали тоа го правеше најдобар голман во Шпанија па и во Европа, пошто Примера е најотворената и најтешката лига за играње одбрана???

    Еве како факт ќе го земеме Роналдо кој постигна повеќе голови од Меси лани, кој донесе многу важни бодови за Јунајтед, но и јас па и официјалните гласачи и многу други повеќе го цениме Меси од Роналдо. Зошто? Каризма и персоналитет и квалитет...не само бројки кои се не секогаш битни.

    ReplyDelete
  9. :-)...прво да обајснам , односно повеќе, да потенцирам, дека „Точно. Постот е субјективен, и тоа ќе биде секогаш така„. Значи тоа е мој став, со кој не барам сите да се сложат, напротив или да го критикуваат или да имаме заеднички став. Но пред се е тема за размена на ставови. Од објавата на овој пост па до денес гледав уште два натпревари на споменатите голмани, и сега сум уште посигурен дека Валдес е подобар од Касиљас. А одлуката на Арагоњес воопшто не е меило или репер. Па зарем се сложуваш дека Раул не заслужува да игра во шпанскиот дрес или пак Гутиерез?... имаме уште време за муабет...нека помине викендов и среда... па уште еднаш ќе се вратам на темава.

    ReplyDelete
  10. Darko100%sport07:26

    Откако го отворив прозорецов со коментари знаев дека ќе го кажеш тоа дека е твој став. Вчера намерно не ти пишав да не се браниш со тоа.

    Раул и Гути не играат за Шпанија бидејќи проектото на Арагонес е таков и кога беа изоставени веќе од репрезентацијата беа во катастрофална форма. Доколку продолжат така сигурен сум и дека ќе играат.

    Не можеш никако да кажеш дека местото во селекцијата немаат врска со квалитетот.

    Си изгледал два меча против Осасуна и Севиља кога Валдез избрани солидно и продаваш нешто што нема појма.

    Кога се работи за голманите секогаш секој може на еден или два меча да доживее киксови и блесок на голот . но во глобала разликата може да се направи и тоа многу просто и едноставно.

    ReplyDelete
  11. realboss13:20

    File ti stvarno vo tezok film si vlezen, ti si go gledal Casillas kako brani na natprevar so skrsen prst, verojatno ne go znaese ova pa eve ti kazuvam cisto da ne se zanesuvas za toa koj e podobar golman, Iker napravi eden kiks koj dodusa nemase i pogolemo znacenje za natprevarot, mislam deka ti si eden od retkite koj tolku cvrsto stoi na svojot stav deka Valdes e podobar od Casiallas(ama mi e smesno ova ne mozam ni da go napisam), mislam deka od inaet go vikas toa ili od vcera ti teknalo poseriozno da gi sledis i sporeduvas koga Casillas imase los den(poradi povreda na prstot), ne mi e za drugoto ama ke ti se smee narodot.
    apsolutno nikakvi argumentu nemas deka Valdes e podobar od Casillas osven nekoi bullshit statistiki.
    ja Valdes bi go stavil nekade na ramniste so Paul Robinson, ozbilno.

    ReplyDelete