23.2.08

ПЕТ БОДА, ВОЈНА...

Минатиот викенд дополнително ја разгоре војната која очигледно ќе се води до самиот крај меѓу двата најголеми клуба во Шпанија и конкуренти за титулата.
„Една рака за три бода„, беа најчестите наслови во неделните дневни весници. Со досудениот пенал кој на големо се анализираше во Шпанија, Барселона се доближи на само пет бода до титулата. Но тоа и не е толку пресудно во моментов, колку е важно дека и формата на дел од фудбалерите во тимот се враќа. За разлика од нив, во мадридскиот табор се заредија неколку ситни повреди, мала недисциплина и неиграње поради акумулирани жолти картони... за кратко време се стопи големата предност, која и сега иако е само пет бода е сепак голема.

ЗОШТО „ГОЛЕМА„
И ПОКРАЈ ДВАТА
ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ПОРАЗИ НА МАДРИЉЕНОСИ?

Едниот пораз од Бетис, е директно влијателен. Другиот е повеќе психолошки. Иако „кралевите„ покажаа поконкретна игра, сигурно дека ќе имаат значење во наредните натпревари.
Утре белите ќе играат против Хетафе, а Барселона ќе ги дочека гостите од источниот дел на Валенсија. Фудбалерите на Леванте минатата недела штрајкуваа и благодарение на оставката на претседателот и продавање на неговите акции во корист на Валенсијанската Власт, го изиграа натпреварот.
Утревечер гостуваат на Камп Ноу.
И двата натпревари, утревечер, се очекува да ја остават разликата и по ова коло на петте бода предност.

Но веќе од наредната недела Барселона ја очекува пекол, ако сака да опстане или да намали од овие пет бода. Прво гостува во Мадрид на Атлетико, па на Камп Ноу против Виљареал, кој сигурно дека ќе гризе бидејќи секој бод за „жолтата подморница„ е важен за излез меѓу елитата во Европа. Потоа гостува на најголемото изненадување во вториот дел - Алмерија, која игра со посебен ентузијазам против големите и го дочекува Ваљадолид на кој му гори под нозе втората лига (поради лошиот распоред). И само да додадам дека во меѓувреме е натпреварот против Валенсија веќе в среда и наредниот вторник против Селтик. Првиот во Купот на Кралот, а вториот во Лигата на Шампионите. За тоа време Реал го чека Рекре и гостува на Еспањол, па гостува на Депор, а ја чека дома Валенсија. Потешките дуели ги дочекува дома, и плус наредната среда фудбалерите на Реал, ќе имаат редовни тренинзи, што би се рекло „ќе одмараат„ за разлика од каталонскиот конкурент кој има важен натпревар (против Валенсија, прв натпревар). Иако пет бода се малку, во ваков распоред истите се скоро недостижни. На некој начин, се е во рацете на Шустер и екипата.
Борбата која се разгоре со „раката која им донесе три бода„, може само да го направи ова првенство атрактивно и спектакуларно до самиот крај, крај кој е повеќе наклонет кон кралевите од Мадрид.

7 comments:

  1. Anonymous05:18

    Влегуваш во шаблонот кој го практикуваат очигледно по договор сите во Барселона:) Фаворизираноста да се префрли на Реал.

    Само Кројф и неговите изјави ја реметат благосостојбата и резервираноста во изјавите.

    Знам кој е и што значи Кројф за Барселона, но бидејќи филозофијата на Барса е дека никој не може да е поголем и поважен од самиот клуб, како може во период кога се крши сезоната, Кројф да се заебава со Рајкрад и тренерското место.

    Мислам дека тоа е крајно непочитување ни кон сегашниот тренер кој донесе многу за Барселона, ниту за клубот ниту за навивачите.

    ReplyDelete
  2. ...апсолутно не си во право, само ја гледам реалната ситуација. Ако некој е среќен во ваква ситуација (приватно) Барса да биде шампион, тоа сигурно сум и јас...ама секогаш сум реален. Пред се. И максимално објективен. Искрено, мислиш дека не ми е криво што Лацио гњури на дното, срцево ми се кине секоја недела. Не ми е ќеиф Хајдук да го масакрира Динамо и да биде нов шампион? Ама не можам нереално да размислувам...Сепак Реал покажува, барем засега, од Ел Класико па наваму и фактички, поголема стабилност... А Рајкард секоја чест , па дури и Дињо, браво, за се досега... али откога влезе во биполарни докажувања низ грбот на другите дали е во право што не го внесува во игра или не е, е тоа е веќе за осуда... Тоа ти е исто како да речам, јаз бев пред десет години единствен и најдобар... и што сега? тоа ми дава право и сега да го имам истиот став, а околу мене се појавиле уште мал милиони одлични и подобри познавачи?... мислам дека не си во право...уште еднаш ќе ти кажам, се е супер во Барса, иако може да биде и подобро, али ако оваа година направи изнендаување ќе биде благодарение на инатот на неколкумина на терен...не на Рајкард!...

    ReplyDelete
  3. Филе, фала за добредојдето и за поддршката.
    се надевам дека конструктивно ќе придонесам во разглабањето на насушните фудбалски теми, секако со осврт на единствената Барса. Инаку, интересно, и јас како и ти сум бил (и сеуште сум) навивач на Хајдук, а од Јужна Америка замисли, секогаш симпатични се ми биле Бока.
    Диего, Диего....
    Како и да е, се читаме и се надевам на соработка.

    VISCA BARCA!

    ReplyDelete
  4. ... :-) ...види многупати сум размислувал како се линкувале сите тие тимови еден со друг, и имам своја теорија...али другпат ...во друга тема.... зошто на пример, тие што навивале за Хајдук, навиваат и за Барселона, или пак како најчесто сето тоа е поврзано со Ј.Америка и слично... како и за сите уопште, нели... ПоздраФ.

    ReplyDelete
  5. Anonymous08:13

    Филе не реков дека Рајкрад е многу условно паметен во мометов во поглед на тактика и се што треба он да шружи, али пак не е убаво сега кога бродот тргна секојдневно некој да го минира. Ипак тоа е не фер. Барса уште нам загубено ни едно поле на кое се натпреварува. Еве Агире според мене е катастрофа одаман но отакако испадна од УЕФА и се послабо игра дома почна да се креира стратегија за иднина и сепак не толку подбивна како во барса и Кројф.

    Мислам дека премногу стоите зад Кројф кој некогаш сака да се стави во позиција дека он се разбира.

    ReplyDelete
  6. ...можеби и воопшто не е важен мојот став за Кројф, али чисто информативно, никогаш не би сакал да се врати во Барса, ниту тој, ниту холандезите потоа кои ги влечат како црева...:-)...

    ReplyDelete
  7. Филе, за врската Хајдук-Барса-Бока...
    Кај мене е можеби и случајно, братучед ми кај кој одев како многу мал навиваше за Хајдук и Барса и имаше постер на Торцида и еден на Шустер во дерс на Барса. И тоа ми се врежа во меморијата, тие бои. А инаку, навистина има некој линк. Хајдуковец никогаш не би навивал за Реал, туку Звездаш. Има сличности помеѓу Сплит и Барса (море, борба против главниот град, инаетот, боите, религиозна приврзаност кон клубот...). Не знам, просто е така. :) на наша среќа :)
    А Бока чисто онака, боите и Марадона пред се...

    Инаку Рајкард тера на три фронта, ама лесно може да испадне од сите три и ...? што тогаш? Барса има бавна игра, премногу развлекуваат и пимплаат, се гушат...
    Го гледав Ливерпул некни со Интер - нема многу филозофија, Џерар и ко. само гледаат да шутнат. И успешни се.
    Инаку Кројф е легенда, тој ја направи доминантна Барса на времето и со игра која пленеше... За мене Рајкард треба да си оди, можеби и Ван Бастен (сега е доцна) или Венгер се добра замена за него. А тука е и Мурињо кој сеуште чека...

    ReplyDelete