17.3.08

РАЈКАРД ЗАГУБИ ПРОТИВ АЛМЕРИЈА !

Веќе е излишно да се анализираат трансформациите кои ги прави Рајкард. Не знам веќе по кој пат би споменал дека на Рајкард и повеќе од очигледно му треба нова средина во која ќе експериментира. Затоа што експериментите во Барселона не само што не му одат од рака, туку прават и голема штета.
Јас воопшто не бев видовит кога уште пред скоро два месеци изјавив дека Реал ќе биде шампион. Не дека се подобри, што и се гледа, туку Барса го има единствениот проблем - Рајкард. А сега со отсусутвото на Меси се е дополнително потешко.
Психолошкиот проблем во моментот е најнепремостливата препрека во екипата на Барселона. Кризата уште повеќе се продлабочува кога не се користат киксовите на противникот. Наместо да бидат 5 поени, тие се 7.
За да не се повторувам, само накратко: (неколку прашања, кои за жал некои од нив не му беа поставени после натпреварот ... и мене нема да ми бидат одговорени, ама едноставно нека бидат тема за наша комуникација и анализа)



1. Зошто Едмилсон беше ставен меѓу првите 11-мина, кога со денови наназад ја гледа дури и на тренинзите неговата екстремно слаба форма?

2. Гудјонсен во првото полувреме го форсираше да ја пренесува топката од лево кон средина со втрчување како игла во шпицот? Зошто не го смени, кога забележа дека тој ја нема таа техника, или барем не му даде поддршка со Анри, многу порано?

3. Иниеста повторно, овојпат на трета позиција во последните пет натпревари. Упорно форсира „секој - секаде„ иако гледа дека тоа не може да се игра во секое време, против секоја екипа и со секој фудбалер.

4. Таа негова тврдоглавост (мислам на Рајкард) се забележа и во слабата игра на Пујол.

5. Диего Милито воопшто не беше лош, но дупката од Едмилсон, излетите во празно на Пујол, па дури и на Турам, „ја покри„ со два жолти , односно црвен.

6. Барселона, наликуваше како онаа пред 3 години, кога немаше одбрана!
Но за разлика од тогаш, го имаше Роналдињо. А сега го нема ниту Меси, а ниту Анри.

7. Ето беше отсечен феноменално. И пак повторно дупката од Едмилсон.

Штета, ова беше момент за убав подвиг, за уште поинтересна Примера. Иако и да беше победа, јас повторно ќе останев на истиот став за можноста за освојување на титулата....

12 comments:

  1. Anonymous05:09

    Го гледав само првиот дел поради тоа што морав на фудбал, и според она што го забележав Алмериа играше исто како и против Реал. Искрено оваа мала екипа докажа не дека само може резултатски да се носи со Реал и Барса туку и на играчки план, бар во оваа ситуација во која се Барса и Реал. Рајкард не знам што резонира но е е логично...

    ReplyDelete
  2. Да бидам искрен, а во исто време и да не бидам погрешно сфатен, Алмерија против Барса играше многу понекоординирано отколку против Реал. Токму тоа и јас го споредував... Барса ја имаше шансата, но Рајкард ја прокоцка... Веројатно дека и фудбалерите на Алмерија беа збунети од различните позиции кои веројатно ги увежбувале на тренинзите претходно, баш за овој натпревар... Затоа се консолидираа многу доцна, но сепак на време... Штета...

    ReplyDelete
  3. Потполно си во право особено во врска со Едмилсон кој не само што не му доликува да го носи дресот на БАРСА туку човекот едноставно нема никакви квалитети за професионален фудбал. Рајкард додека ко консолидира тимот на Барса ќе биде касно не само во домашното првенство каде е се готово туку и во Лигата на Шампионите.

    ReplyDelete
  4. Абе не ми се зборува... :((((((
    Просто не можам да разберам КАКО...????
    Ма ајде...

    ReplyDelete
  5. Од 3 фронта накрајот нема да освоиме ништо играта ни е катастофа дури мислам дека и Шалке ке не збрише во гости сме тапа.Е па така не се станува Шампион. Можеби во некоја од наредните години ке се радуваме на некоја титула ваква Барса за ништо не чени.Да примаш 2 гола од корнер и тоа од Алмерија е премногу смешно ех....Барцелона

    ReplyDelete
  6. Anonymous11:41

    Добро де и така Реал е шампион годинава.Ај гледајте ЛШ да стигнете подалеку и купот на Шпанија.:)

    ReplyDelete
  7. ...Рамбаба, ако има само малку наклонета среќа во поцврстото враќање на Меси, оваа година Барса е минимум во финале... е после би требало Рома да биде главоболка, затоа што Спалети сепак мислам дека е поголем „координатор„ отколку Рајкард...(ова одам со претпоставката дека како што поминуваат деновите, се повеќе сум убевден дека Рома ќе го елиминира и М.Ј. ... за жал).... значи сепак верувам дека Барса далеку ќе стигне во ЛШ...

    ReplyDelete
  8. Anonymous23:34

    Поздрав Филе, во поголемиот дел од анализата сме се поклопиле со ставовите
    http://blaugrana.blog.com.mk/node/142467

    ReplyDelete
  9. ...да, да ја прочитав утринава, и пробав да испратам коментар ама пристапот не ми е дозволен(!?)..не знам зошто...али како и да е целта ми беше токму тоа да го напишам, како сите од Македонија до Шпанија ги забележуваме истите работи, само Лапорта очигледно не сака да долева „масло на огнот„ , барем не до лето....

    ReplyDelete
  10. Anonymous06:59

    Интересна работа е тоа каквов сенс за анализа имаат блогерите кај нас. Анализи и коментари толку детални и вистински ретко читам и по странските форуми. И сега е тоа најсмешно, ние лаици љубители на фудбалот повеќе разбираме од некои кои зимаат милиони....

    ReplyDelete
  11. Ај да видиме Филе не дека несакам да стигнеме до финале на ЛШ и да го освоиме трофејот.Не дека несакм Меси да се врне што побргу.Но овоа е Барса и секако несмееме да чекаме само од еден играч .Имаме ние многу класа на играчи ,но нешто не оди , кажав и пак ке кежам со ваква игра ништо нема да направиме,можеби грешам...но ке видиме.Кога ке го видам Едмилсон во прв состав знам дека нема да победиме. Тој Рајкрад претера.
    Поздрав

    ReplyDelete
  12. Дарко, мислам дека воопшто тоа не е смешно ниту нереално...Имено, кога некој од нас кои детално следиме некој клуб, внимателно ја анализираме и ситуацијата на пазарот, а секогаш ако пред себе го имаме исклучиво доброто на клубот, тогаш сите коментари, анализи и осврти се искрени, прецизни и без калкулации. А кога би работел за клубот и би „земал милиони„ тогаш пред се ќе ти бидат интересите на делот од тимот со кој раководиш, некогаш и на штета на клубот или фудбалерите. Еве ти пример, дали Бегерестаин ќе каже нешто на штета на РАјкард ако знае дека со негова смена, веројатно и тој ќе ја напушти функцијата. ДАли неколку новинари кои РАјкард пред сите по телефон ги „известува и се дружи„ ќе направат нешто со што би го раскринкале. Дали Нескенс ќе оди против ЛАпорта и РАјкард ако знае дека со него заминува и тој?...еве ти друг пример, од Македонија. Сите гледаме што се случува во ФФМ. Мислиш дека не гледаат и тие што се по службена должност таму? Ама ако реагираат и тие ќе си заминат со нив по евентуалната смена.... Зошто дел од новинарите не реагираат? Затоа што после нема гратиси...Зошто пак друг дел подржуваат „како слепи за стап„ друга страна? Затоа што очекуваат подоцна возврат?... Зарем мислиш дека сите во власта се сложуваат со Премиерот, или пак цела опозиција е едногласна? Не ама така мора да биде!...За жал, калкулациите се секогаш дел од менаџирањето и суштината на дипломатијата, без оглед за која сфера од животот станува збор.... а читај ги блоговите и на останатите, надвор од МАкедонија. Шпанските блогери многу добор ја проценуваат секоја ситуација, слично како и овде. Еве ти друг пример, Јохан Кројф има одлични забелешки, без оглед што најчесто „плука„ по голем дел од фудбалерите и пријателот му Рајкард... немој да ми кажеш дека Нескенс и Чики не го гледаат тоа?...ама си имаат тим, заедничко одлучување, власт и некои свои правила кој треба да им ја изборат позицијата која ја имаат сега и при наредниот потпис.... Вујадин Станојковиѓ, ти тврдам, дека многу подобро го разбира фудбалот, ги познава тактиките и фудбалерите од КАтанец. Но Катанец е селекторот кој е потписник, а и водач на тимот. Верувај, дека и сам Вујо да ја водеше репрезентацијата, сигурно ќе освоевме исти бодови а можеби и некој плус... но мора да слуша понекогаш и да го споревдува и правда дури и она со кое не се сложува, затоа што ако замине Катанец, веројатно и тој ѓе ја напушти функцијата... Тоа е толку едноставно, што воопшто не е нерелано... Исотот е и овде... но веќе начнавме друга тема...можеби во некој следен текст...

    ReplyDelete