8.5.08

ДЕМОНТИРАЊЕ !

Барселона беше демолирана и дефинитивно турната на колена, каква не била никогаш досега.
Барем не, од кога ги има најскапите и најдобрите ѕвезди во фудбалскиот свет.
Ако минататa година на Сантјаго Бернабеу, волшебникот беше поздравен од мадридските навивачи со аплауз, каков не се случил во Мaдрид од времето на Марадона во каталонскиот дрес, овојпат дури и виртуозноста на Меси, не можеше да биде спас за Блауграна.


4:1 е резултат, кој е типично фудбалски кога играат силна и слаба екипа.
Но овие 4:1 кажуваат многу повеќе.
Тие ја верификувбаа новата позиција на Рајкард во друг клуб, многу подалеку од Каталонија. Со него заминува и Нескенс. А и уште една група на фудбалери кои на некој начин се виновни за слабата сезона без титула, во времето кога Барса имаше најмногу пари и кога најмногу вложи во нови имиња.
Рајкард е виновен за целата атмосфера која кулминираше за уште едно меренге на белите.

Индолентноста на неколкумина од главните алки исто така треба веќе да биде домашна задача на Лапорта, не само за наредната сезона, туку и за неговиот евентуален реизбор на претседателската функција.

Многу моменти отвори ова Ел Класико во Мадрид.
Го верификуваше Касиљас како најдобар голман во Шпанија, а можеби и на планетава.
Ако дури и јас на полусезоната тврдев и образложував зошто Валдес е подобар од Касиљас, овојпат фер е да го повлечам својот став и да го прифатам она кое конечно сите го видовме во средата.

Касиљас е несовладлив.
Можеби тука е и еден од важните моменти на Шустер, со кој ја обезбеди 31 титула многу порано. Кога Реал имаше „играчка криза„, најчесто натпреварите завршуваа нерешено односно без примен гол, благодарение на бедемот на голот. Касиљас е главната алка за надминување на таа криза скоро неосетно. Доближување до два бода и повторно одлепување се амплитудите во бодовното салдо за кој најзаслужен е сигурно тој.
А имавме можност да видиме дека дури и виртуозниот и несопирлив Меси на неколкупати шутираше неверојатно прецизно, но Касиљас уште посовршено ја бранеше мрежата.
Компактноста и дисциплината овојпат ја демолираа Барселона.
Додека кај нив отсуствуваше, кај мадриљеноси тоа беше најважната задача.
И прецизно исполнета.



П.С.
„...искрени честитки кон сите навивачи на Реал Мадрид во Македонија. Сезоната беше Ваша! Браво.„

10 comments:

  1. Anonymous04:14

    По задоволството од титулата лани ова е уште поголемо надополнување на доживувањето на навивачите на Реал низ целиот свет.

    Касиљас несомнео беше голман во вистинска смисла на зборот во текот на целата сезона. Сапси многу голови и бодови.

    Што се однесува до вчерашниот дуел мислев дека шампањот по Сибелес ќе мавне во глава. Но некако вчера во текот на денот и како никогаш досега бев сигурен дека ќе ја совладаме Барселона. Она што го видов од Реал како допрва вчера да ја брка титулата со пресинг и атак 90 минути за мене беше неверојатно чувство. Знам дека на навивачите на Барса по четирите гола и атак за петти во мрежата на Валдез грлот им се стегаше, а посебно на лапорта кој стопати се покаја што пред дербито прогнозираше 0-5.

    Ико од ЕСПОРТ уредникот викаше пред почетокот на сезоната дека Реал купи фудбалери без концепција и кому иде и можеби и така беше. јас бев убдеден дека Барселона созаде речиси непобедлив ростер бидејќи се засили на сите потребни позиции со квалитетни фудбалери. Но тоа е фудбалот, топката се тркала една година за овие , една за тие, една за оние...

    ReplyDelete
  2. ...се сложувам и јас со тебе... Реал очигледно создаде непобедлив тим, без разлика на киксот во ЛШ... вчера за првпат во животот воопшто не ми беше криво што Барселона загуби... дури сметам дека победата требаше да биде со минимум уште 3-4 гола во мрежата на Валдес...единствено ми беше криво за двата (евентуални гола на Меси)...но, тоа е кога се има Касиљас на голот :-(((((.... Браво за неверојатната завршница на Шустер и Мадриљеноси....

    ReplyDelete
  3. Одамна велам дека Валдес не е на ниво то на еден клуб како Барса.
    Одбраната исто така.
    Дарко е во право кога вели дека е одушевен од пресингот на Реал. Се виде дека ја сакаа победата повеќе. А за тоа е виновен Рајкард (колку пати да повторам) и раководството оти не го сменија порано. Убеден сум дека Гвардиола ќе ја подигнеше играта и расположението.
    Овака испадна невидена катастрофа.
    Уште еднаш честитки до Реаловците.
    Ме интересира коментар за судијата. Иако не барам оправдување во него, сметам дека им подари два гола на Реал. А тоа воопшто не е маклу.
    Првиот е постигнат по ОЧИГЛЕДЕН фаул од Гути врз Маркез, а пеналот беше смешен. Рефлексот на Пујол за да си го заштити лицето беше веднаш санкциониран со пенал.
    Како и да е, тоа не ја намалува заслужената победа на Реал. Дното е допрено, сега единствено може да одиме нагоре.

    VISCA BARCA!

    ReplyDelete
  4. Anonymous16:11

    Околу судијата, покрај двата подарени (првиот и четвртиот) и вториот гол падна по досуден непостоечки слободен удар. Но, и да не го носеше судијата дресот од Реал, бевме очајно лоши....

    ReplyDelete
  5. Anonymous04:50

    Lele plackovci i 1 i 4 gol bea zaradi sudijata.Pa sto ne kazete deka sudijata im ja donese pobedata na Real!Kako e mozno da velite deka sudijata im gi podaril golovite a vo istata recenica da spomnete i deka pobedata bila zasluzena.Ovaa sezona Real e SUPERIOREN vo odnos na site drugi klubovi vo Spanija.Hala Madrid i dogodina ocekuvam pokonkurenten tim od Barsa.

    ReplyDelete
  6. Anonymous10:29

    Стои фактот дека при постигнувањето на првиот и вториот гол имаше лабилни ситуации и тоа е неспорно. Јас отсекогаш сум стоел дека судиите мора подобро да ценат особено кога се работи за денешниов фудбал. Среќа што мечот ништо не решаваше, бидејќи да беше од значаен карактер тогаш ќе беше сериозно.

    Инаку не знам Редфингер колку практицира фудбал и ги разбира нештата од практична природа, но никако фудбалер не смее да го брани лицето и телото со раце од топка. Од маалски фудбал и регионална лига па се до професиналци.Ред поглупо нешто не сум слушнал

    ReplyDelete
  7. ...Дарко е во право. И јас сум од срце навивач на Барса, ама мора да бидеме сите објективни... Не смее да се брани лицето и телотот со раце, „секоја неприродна состојба на рацете во донос на телото и допир со топката е пенал„...тоа правило е премногу децидно...така да може да ни е криво, ама објективноста треба да ни биде на сите доблест...

    ReplyDelete
  8. Anonymous00:46

    Аферим Филе ашколсун... се отепа в зборее две години ова што ти го кажа во последнава реченица

    ReplyDelete
  9. ...па, така е...и мене срцево ме боли за овогодишниот кикс, ама тоа е реалноста, колку и да ни е фудбалски сурова...

    ReplyDelete
  10. Anonymous12:31

    File bas bi sakal da napravis edna prognoza bi kazal za toa koj bi mozele da si zaminat i koi bi bile novite zasiluvawa na Barsa.Istoto go ocekuvam i od Darko za Real a ovde pisuvam i za nego oti na negoviot blog ne biva oti ne sum registriran.Izvini File sto go iskoristuvam tvojot blog osven za tebe da pisuvam i za drugi.Se nadevam deka ne ti preci

    ReplyDelete