11.8.08

ВО ОЧЕКУВАЊЕ НА АТРАКТИВЕН СТАРТ

Толку многу фудбал во текот на август, не се сеќавам откога не сум гледал.
Од едната страна сите подготовки за сезоната која веќе некаде и започна, а од друга страна сите оние турнири кои секоја година стануваат се поатрактивни и на крајот сето дополнето со Олимпискиот фудбал од Пекинг.
Една прекрасна фудбалска атмосфера во овие летни денови.
Она што ми остави впечаток, во изминатите десетина дена, сумирано во неколку реченици би изгледало вака:
Европа со сигурност, ќе ја има најатрактивната фудбалска сезона досега, а Јужна Африка за неполни две години сигурно ќе го доживее и најатрактивното (од аспект на натпревари) Светско Првенство.
За тоа има многу причини, а неколку од нив се и оние кои најголем дел од нас ги следеа.

На натпреварите на Барселона низ американската турнеја, Гвардиола претстави еден огромен фонд на фудбалери, на кои сигурно ќе смета веќе во првиот натпревар против Висла. Она што можеше да се забележи, посебно на последните два, тоа беше новата формација, без Меси. Одлично профункционира. И тоа токму против клубови, кои можат да бидат одличен спаринг токму во овие квалификации за Лигата на Шампионите.
Евентуалните противници на Барса, во понатамошните натпревари од Лигата, го правеа на некој начин истото. Да бидам искрен, ме разочара Арсенал, но сеуште верувам дека консолидацијата (со оглед на губењето на неколку клучни фудбалери) ќе стигне во вистински момент. Интер, очигледно оваа сезона ќе биде цел на медиумите, но не поради играта туку поради Жозе. Милан, и покрај поразите ветува многу повеќе. Во контекст на ова, погледнете ја формата што ја има Пато и Роналдињо на Олимпискиот турнир. Тоа е нешто што не е за потценување, туку напротив, може само да биде „страв„ за сите во Калчо, и враќање назад на шампионските патеки. Севиља, ветува дека и оваа сезона ќе се наметне во Примера, слично како и пред две години.
А Олимпискиот турнир е вистинско фудбалско „колаче„ овие денови.
Бразил атакува (за првпат) на Олимпиското злато, а Аргентина, има многу постабилна репрезентација, од онаа во Атина. Следејѓи ги првите две кола на овие две репрезентации, очигледно е дека на Аргентина и недостасува прецизна завршница. Средниот ред е доведен до совршенство (на пр. што да се каже, ако во еден натпревар како оној против Австралија, тимот кој ја има топката во нозе има меѓу 35-45 додавања, без да ја загуби топката !?). Но средниот ред, како таков, може да извојува победа против ваква екипа (како Австралија, која не ветува квалитетен подмладок кој пополека би ја преземал улогата на претходните, за СП 2010). Но против Бразил, би било многу тешко, да не речам, невозможно. Се е базирано на Меси, Рикелме и Агуеро. Што на некој начин пак е и нормално. Но, да бидам искрен, ја очекувам вистинската експлозија на овој тим во нокаут фазата. А од ниваната игра, сигурно дека се задоволни и челните во Атлетико, Расинг, Севиља, Ливерпул, па дури и Наполи. А во овој контекст, може и Реал Мадрид да биде задоволен, бидејќи во Гаго имаат еден одличен потенцијал, на кој во секој натпревар му се забележува напредокот.
Како и да е, очекувам уште еден фудбалски дуел од „светски размери„ на највисоко ниво... Аргентина - Бразил, финале. А со оглед што најголем број од тие фудбалери настапуваат во европските клубови, (а се од категоријата која е најатрактивна за гледање и која веќе ја трасираше фудбалската иднина) и наредната сезона во најсилните натпоревари ќе биде неповторливо задоволство....
А Јужна Африка, може само да не радува...и со нетрпение да ја очекуваме...

5 comments:

  1. приметувам секогаш ги отпишуваш Азурите, а беа многу поубедливи досега од караоките и гаучосите иако играа со нијанса послаби противници.
    Аргентина ке има полесен пат до финалето, а за да се игра дербито во финалето Бразил прво ке треба да ги пројде Италија, значи и Азурите се во игра сеуште.Секако секој посакува финале Бразил-Аргентина.

    ReplyDelete
  2. ...хм, можеби несвесно... веројатно дека постојано (годинава која измина) мислам дека имаат слабо национално првенство и слаба А репрезентација , па некако се ми се чини дека сум во право кога ги отпишувам и младиве... иако нели , нормално дека не се за потценување...во право си... ама сепак мислам дека иднината во овој контекст е повеќе на страна на овие две, Бразил и Аргентина, како што веројатно ќе бидат во Јужна Африка...

    ReplyDelete
  3. незнам дали под водство на Липи на Светското 2006, имаше некоја поквалитетна репрезентација тогаш од Италија, во неа имаше и искуство(кое беше во преден план),брзина,техника,меѓусебно разбирање и вишок квалитет, можеби и најсилната репрезентација воопшто што се појавила во минатото беше онаа која го освои шампионатот во Германија.Секако иднината во младите воопшто во фудбалот е на страната на Аргентина, а посебно на Бразил.

    ReplyDelete
  4. Anonymous00:43

    Филе што ке кажеш за натпреварот против Бока,ти реков јас дека дури во овој натпревар Барселона ке треба малку да се помачи за да дојде до победа па и така излезе односно дури во 92 и 95 мин.Барса дојде до победата.Екипите како Висла сепак иако е квалификации од лига на шампиони не се доволен тест за да се видат вистинските можноски на една екипа која игра во вака тешко првенство како шпанското.

    ReplyDelete
  5. ...дадада :-) дури денес го гледав натпреварот, бидејќи не бев во тука изминатиов период... види, тоа ќе биде и јачината на Барса и во нареднава сезона...посебно во вакви натпревари каде не се игра со оние на кои од старт е базирана играта (но да не ја потценувам и Бока, играа и тие помалку ослабнати) ...како и да е одлични минути на фудбал, посебно крајот :-))))) ... поздрав

    ReplyDelete