25.8.08

ТРИ ДОБРИ ПРВЕНСТВА ЌЕ БИДАТ АТРАКТИВНА И ИСКЛУЧИТЕЛНО ИНТЕРЕСНА ТЕМА И ВО НАРЕДНАТА СЕЗОНА

Добар старт како загревање за двете најквалитетни лиги во Европа, Калчо и Примера. Овој мој, повеќе субјективен став, верувам дека оваа сезона уште еднаш ќе се потврди. Италија и Шпанија се на чекор од нова сезона, во која веројатно ќе го имаат и главниот збор меѓу кандидатите за титулата во двете најатрактивни натпреварувања во УЕФА.
Како увертира во стартот наредната недела, последниов викенд се верификуваа победниците во националните Супер купови.
Интер во Италија, Реал Мадрид во Шпанија.
Баптиста со новиот свој клуб загуби, додека неговиот стар клуб заслужено стигна до првиот трофеј сезонава.
И двата беа прекрасно-интересни натпревари. Едниот на пенали, неизвесен до самиот крај, другиот се решаваше буквално во последните минути. Она што ми остави впечаток е дека Интер не беше онаков каков веројатно го очекуваме под водство на Мурињо, додека Реал Мадрид и оваа сезона покажува дека ќе мора да се смета и на него како бранител на титулата, која сигурно нема лесно да ја предаде.
А Валенсија иако загуби (и покрај предноста која ја имаше и во однос на силите на теренот) и иако во второто полувреме не личеше нималку исто како во првиот дел, факт е дека уште в сабота против Мајорка, може да се очекува првата победа во новото првенство, во отварањето на Примера.



Оваа сезона се надевам дека ќе биде исто толку атрактивна и во јужноамериканските натпревари, посебно аргентинската Апертура, во која се игра третото коло. Две сезони на Бока и бега титулата од рака, посебно во натпреварите на „Бонбоњера„, но стартот веќе ветува (иако повторно и во последниот натпревар Ланус дојде уште во шестата минута во водство, за на крајот се да си дојде на свое место со резултат 2:1).

Тоа ќе биде уште една атрактивна фудбалска тема на моите постови, кои на некој начин, ќе ги стартувам од наредната недела.


П.С.
„Без да ме разберат погрешно симпатизерите на Премиер и Бундес Лигата, но сепак тој фудбал (субјективен став) е на едно друго ниво, во споредба со овие две лиги. Во Премиера сигурно исклучок се 4-те клуба кој секогаш со задоволство ги гледам, додека Бундес лигата сеуште е на маргините на мојот интерес, сем настапите во Купот на Уефа и Лигата на Шампионите„

8 comments:

  1. Anonymous00:12

    Мое мислење е дека Ла Лига и Премиер лигата се најинтересни првенсва во европа па верувам дека оваа година во 1/2 во лига на шампиони ке има по 2 екипи од овие две првенства.Можеби италјанците ке направат нешто во КУпот на Уефа бидејки таму оваа сезона ке го гледаме Милан екипа која знаеме дека секоја сезона е во завршетокот на европските натпреварувања!Поздав и да им честитам на фановите на Реал Мадрид за освоената титула.Hala Madrid!

    ReplyDelete
  2. Калчото доби многу со доаѓањата на Шева и Рони во Милан и секако харизматичниот Жозе во Интер...и дефинитивно ке гледаме многу поинтересен фудбал во Италија со овие промени.Со оглед на тоа што Милан не е во Лш оваа година, малку поголеми шанси ке имаат клубовите од Англија и Шпанија додека Милан ке биде главен фаворит за купот на Уефа...со победата на Ман,Ју минатата сезона сега севкупно Италија,Англија и Шпанија имаат компплетна доминација над останатите и се изедначени со по 11 освојувања во Лш, и разбирливо се очекува еден од гигантите во овие првенства да стане шампион оваа година, доколку не блесне некој тим како Порто во 04...единствен кој може да ги загрози е Баерн

    ReplyDelete
  3. Da ti kazam File te nemam videno na TV ne pamtam od koga :) ama blogov tek tuk ke go posetam posle utakmicive na Barsa za da vidam kako gi analiziras :) i dosta beshe dobar minatata sezona :) ama na ovaj post ednostavno ne mozev da ne odgovoram i voedno da bide toe mojot prv odgovor na tvoite postovi :) i dodeka se pretstavuvam da kazam deka navivam za Inter :)
    Na pocetokot vikas dvete najkvalitetni ligi vo Evropa - Primera i Serie A. Se soglasuvam vo edno od niv samo za Serie A :) a toa Primera go mislis samo zatoa sto si golem fan na Barsa:) Zosto mislam taka? I Zosto mislam deka Serie A nema konkurencija so ostanatite ligi...
    Ke pocnam od najmalata od top 5 ligite spored mene, Francija, kade poslednive god dominira eden tim, Lyon, kade osven nego nema nekoj tim koj bi mozel da se izdvoi.. i koja liga ja smetam za najdolu odnosno na mestoto 5 od golemata petorka :) gledame deka se obiduva Lyon pokraj toa sto dominira vo Francija da go prenesi toa i na megunarodna scena, i bash vo momentite koga jas mislam deka ke uspeeshe koga go pobeduvaa golemiot Real doma i vo gosti, koga igraa so MIlan vo cetvrfinale i na nesreken nacin otpadnaa so gol vo poslednite migovi, koga mislev deka narednata sezona nema kaj da bega.. se sluci toa sto na site ni e poznato... zaigra parata i golemite klubovi, beshe kupen Essien od Chelsea, Diarra od Real, Abidal od Barsa.. i prikaznata mislam deka tuka zavrshi... taka da ovaa sezona ke mu bide najteshka na Lyon ne samo na megunarodna scena tuku i na domashna!
    Na mestoto broj 4 ja stavam Germanskata liga koja go ima silniot Baern, edinstveniot tim koj e moken na finansiski plan da se nosi so gigantite od evropa, kogo go vidovme lani kako potroshi ogromni sredstva koga gi dovede Luka Toni, Ribery... no ednostavno tie igraci ke bidat zasiteni od osvojuvanjeto na tituli so baern na domasna scena (mozebi i na megunarodna), taka da ke posakaat koga togas da odat vo nekoja liga kade ke im bide interesno da se natprevaruvaat pred se i vo domashnoto prvenstvo, bidejki ostanatite klubovi spored mene se edna klasa podolu od golemiot baern! tuka mislam na igracite kako Ribery, Shweinstager, Lucio, Lahm, Podolski... kako sto beshe slucajot so Ballack, Salihamidzic...
    Na tretoto mesto spored mene se naoga primera ne zaradi toa sto Barsa i Real se poslabi od Man Utd, Chelsea, Inter, Milan, Roma... tuku ke te prasham edno prashanje...: "A koj e tret klub po golemina ili jacina vo Spanija?"
    Toa e pricinata poradi koja ovaa liga ja stavam pod Angliskata.. od sekogas vo godinite borbata bila megu Barsa i Real i tek tuk nekoj ke ja osvoel ligata kako valencia.. od koga pratam jas... za zal na navivacite na Real moram da im kazam moe viduvanje deka tie ne ja osvoija titulata pred 2 god zaradi toa sto bea podobri od Barsa, tuku Barsa ja izgubi titulata so nekoi nesfatlivi greski na Rajkard koj trebashe da bide otpusten uste pred minatata sezona, vo koja sozdade razdor ili pak ne umeeshe da ja kontrlira situacijata vo koja se najde Barsa, na klupa sedea Deco i Ronaldinho, a igrashe eden Bojan Krkic koj spored mene treba da porasni za da igra vo prviot tim na Barsa! Ednostavno ne smeeshe da bide prv izbor pred Ronaldinho!
    A Real i ne e tolku dobar (barem ne za vo Evropa) koga nazad igra so eden Cannavaro na kogo odamna mu isteklo vremeto, potoa eden heinze, pa mladiot marcelo, Pepe koj vo nikoj slucaj ne vredi 30 milioni evra... seto ova e pricina poradi koja sampionot na spanija otpadna od ekipata na roma, a ke otpadneshe od bilo koja postabilna ekipa.. i za kraj za spanija , za silinata na ligata, vidovme pred 2 dena vo super kupot, koga protiv ekipata na Valencia koja beshe vo poln sostav Real uspea da postigne 1 gol so igrac pomalku i 3 gola so dva igraci pomalku!! ma daj.. toa li e liga so konkurenti za titula?
    Na vtoro mesto se naoga spored mene Anglija koja ja ima silnata cetvorka koja na sekoj mu e milo da ja gleda na TV, iako od godinava mislam deka toa ke bide trojka, Arsenal i Wenger kako da se zadovolni da si igraat so detskata gradinka koja nikako ne sakaat da ja nadopolnat so nekolku poiskusni fudbaleri.. taka da ne bi me cudelo ovaa godina da ne izlezat vo ligata na sampioni! druga pricina poradi koja ovaa liga ja stavam pod Serie A e slednoto.. Prateshe li nekoj Angliska liga pred da bide kupen Celzi od Abramovic? Mislam dali se prateshe tolku mnogu? Zarem trebashe da dojde Mourinho pa da im stane interesno so site tie prepukuvanja na novinarite vo Anglija i na navivacite vo makedonija? vo 90 tite beshe duelot Mancester - Liverpool, potoa sledeshe Arsenal - Mancester, pa so Abramovic dojde na red Celzi - Mancester, i poslednive godini Liverpool prati od strana sto se toa se slucuva... taka da i godinava mislam deka tamu max se 3 tima za titula, i spored mene povtorno Liverpool ke potfrli i ke ostanat starite dobri Celzi i Mancester od prethodnite 2-3 god :) a ostanatite klubovi ni mene ne mi se gledaat.. site se ednostavno za vo eden nov intertoto kup :)
    I za kraj na prvo mesto Serie A, kade otsekogas niz Istorijata bila golemata trojka Juventus, Inter i Milan, vo poslednite godini Roma, koja mozebi se izdigna na nivo nad Juve i Milan vo pogled na igrata na terenot.. i sekogas opasnite i interesni za sledenje, Fiorentina, Lazio, Sampdoria i najnoviot clen Napoli koj voedno i mi e eden od podobrite vtoroklasni timovi koi se vratile od vtorata liga, so igraci kako Lavezi, Hamsik, Sosa..
    A ovaa godina so doaganjeto na Jose Mourinho vo Inter, Ronaldinho, Shevchenko, Zambrotta, Flamini i Senderos vo Milan, Amauri, Giovinco, Poulsen vo Juventus, Baptista, Riise vo Roma,kako i odlicnite Fiorentina i Napoli, i sekogas interesniot za sledenje Lazio zaradi nashiot Goran Pandev.. mislam deka Serie A nema konkurencija vo sporedba so ostanatite ligi vo Evropa :) tolku od mene ... i sorry do site ako strijata e malku podolga :) pozdrav pa se citame od 30 Avgust koga oficijalno zapocnuvaat ostanatite 2 ligi od golemata petorka :)

    ReplyDelete
  4. ...samo nakratko, bidejki na dolgo ke zapocnam od nedela :-)... inaku tvojot ogromen post e za pocit, iako znaes deka so nekoi raboti ne se slozuvam... (iako za mnogu poveke si navistina vo pravo... no samo dno kako informacija... angliskata liga ne ja potcenuvam voopsto, ova go kazav samo kako sporedba so ostanatite...a za toa od koga ja sledam, samo ke ti kazam deka eden del od moeto navivacko srce, od detstvoto, mi e Liverpool.... i tokmu poradi nego sum so Premier od detstvo, da ne recam od pocetokot na 80-tite... kolku za informacija... no toa nema da go smeni mojot stav...kako sto nema da goi smeni ni faktot deka sum clen na NK Hajduk, so platena clenarina uste od 1983 godina, pa sigurno nema da kazam deka Hrvatskata liga e megju najdobrite vo Evropa... mislam deka se razbravme... pozdrav.
    P.S.
    nikogas ne se dolgi postovite koi se temelno elaborirani :-))))

    ReplyDelete
  5. Филе Шпанија, Италија и Англија се топ 3! Тука нема зборови! Се слагам за тоа шо го рече за првите 4 во Англија, само они вредат да се гледаат!

    Ама сепак мислам дека најдобар пренос има во Германија! И мислам дека натпреварите им се најинтересни! Не квалитетни, туку интерсни! Кој сакаш натпревар гледај го мислам дека нема да зажалиш!

    Ако Италија и Шпанија имаат така организиран пренос ќе бидат далеку над Англија!

    Поз!

    ReplyDelete
  6. ...во право си 100%...ги имам гледано и во живо, одлична атмосфера...

    ReplyDelete
  7. Дарко100%спорт05:05

    Прво Филе голем поздрав. Одамна немаме пишано, по многу турбуленции со почетокот на новата сезона ќе се активирам и ќе гледам да наоѓам време за постирање.

    За овие теми сум пишувал на блог многу одамна и никогаш не може да се испеглаат ставовите по оваа тема.

    Само една кратка реченица.

    Квалитетната продукција на преносите ни го прави визулениот впечаток а со тоа на повеќето и рассудувањето за квалитетот на тимовите и првенставата, што е многу погрешно и лаички.Толку зборената слика за епската пасионираност на фановите во Англија е само поради димезијата на стадионите и бликоста на трибините до безбојните микрофони преку кои и го примаме звукот од натпреварите, односно целата супер квалитетна продукција. Не е исто да гледаш пренос од ужасниот Монжуик или од Мајорка и да гледаш преноси од стадионите низ Анлија.

    Неквалитетот на Реал...во друга прилика

    ReplyDelete
  8. ...:-)))) dadadada :-)....ej super sto se citame pak... a ovaa sezona vo plan e uste pogolemo blogovsko druzenje na tema fudbal...i ne samo vaka javno, tuku ajde malku poveke da se aktivirame... sakam ovoj sektor da go napravime uste poaktiven... :-) ..i mislam deka ke bide... :-)))) inaku da taka, vo najgolema merka vo pravo si...

    ReplyDelete