1.9.08

ПЕКОЛЕН СТАРТ . . .

Авантурата конечно започна со сиот свој сјај.
Овојпат нема да пишувам во елаборација, на мене омилените натпревари, туку само ќе искомбинирам неколку свои ставови, кои упорно ги повторувам секоја сезона. Ама очигледно и јас се повеќе се сомневам во нив, се додека не се случат па да сфатам дека залудни биле сомнежите.
За што станува збор?
За тоа дека секоја сезона пред старт на Примера и Калчо, кога ќе падне муабет со пријателите дека оваа година „ќе се делкаат„ полесно фиксните, секогаш ми текнува на еден „кладилничарски муабет„. Најголемите пари ако сакаш да ги заработиш на обложувалница, тогаш играј ги само првите и последните 6 кола. И тоа само фаворитите, кои би требало да се чекаат на изненадувања.
Тоа се случува скоро секоја година.
Ова прво коло е „ дежа ви„, по којзнае кој пат...
Изгледав неколку натпревари, за жал, еден и со македонски коментар... и по којзнае којпат зажалив, што во неделата не си го гледав дома, за да си го направам сам изборот... (а од коментирање ќе се поштедам и себеси и Вас, затоа што многупати е зборено, пишувано, објаснувано, и очигледно дека некои работи не се менуваат... што велат „ум со инка не се тура„. (...и точка... и толку !)
Е сега да се вратиме, на темите кои овде читателот повеќе, ем ги разбира, ем ги нуди (како свои лични, блог - ставови) ... за среќа! :-))) ...
Реал. Дури и мене ме изненади, иако можеби требаше да бидам поподготвен на вакво нешто. Шустер ќе треба веројатно да размисли дали се исплатеше „кавгата„ со Робињо. Депор не направи којзнае што, туку на некој начин само го поттргна чергичето под кое шампионот, цело лето ги поттурнуваше проблемите. Оние кои ја гледаа Барса во реваншот од Лигата на Шампионите, сигурно беа сведоци, дека тука немаше ни трунка „наместен„ резултат. Едноставно, Пеп сака ама машината не може. Треба време и за Хлеб и за Анри, па дури и за Меси во ваква комбинација, па дури и со Алвеш, а во исто време под притисок. Едно се подготвителните, а друго натпреварите во кои сите медиумски очи се свртени „кон тебе„. И нормално, статистиките и рекордите се тука за да се рушат. Барса првпат после 14 години губи во првото коло од Ла Лига. А и Пеп ја памети Нумансија уште пред дванаесет години, кога едната грешка ја чинеше Барса нерешено во Копа дел Реи.
Оваа сезона ќе биде уште поатрактивна бидејќи двата вечни ривали, во директна пресметка ќе ги ловиме секое коло. Реал Мадрид ќе ја брка Барселона низ цела сезона... Со исклучок на двете кола, во сите останати, кралевите ги преземаат противниците на Барселона, во секое следно коло. Тоа на некој начин ја олеснува директната пресметка. Барем за нас, симпатизерите, па дури и за фановите. Ги гледаме едните, (само во обратен аспект дома-гости) а наредните веќе со истиот противник во очи за седум дена.
Меѓу сите резултати, ќе бидам искрен и ќе кажам дека драго ми е за трите бода на Валенсија. Оваа година имаат уште посилен тим кој може да биде еден од конкурентите за високите четири места. Исто така тоа го делам и за Атлетико. Иако Синама Понгол, многу поефективно ја заврши задачата која ја имаше Агуеро, токму Агуеро е една од главните алки за почетното водство и целата концепција на Агуире. Нормално, секогаш ми е драго кога и него го гледам во фантастично издание.
Примера, без оглед на нашите субјективни ставови, стартуваше експлозивно... како трка на 100 метри на која се очекува нов светски рекорд.
И Италија оваа сезона очигледно се враќа на нешто што го знаевме пред многу години. Ете го и таму правилото „за првите шест кола„. Со многу задоволство од она што го покажа со Рома, Наполи ми го наполни срцето, покрај победата на Лацио. Италија, веројатно сигурно се враќа кон старата слава. Тоа ветува само едно дека: АТРАКТИВНОСТА И ОВАА СЕЗОНА Е ЗАГАРНТИРАНА!

П.С.
...после паузата, се враќам со стандардните анализи поединечно ... :-)))))

4 comments:

  1. Jas bi go narekol "Neocekuvan" Start! Odamna ne sum videl den kako vcerashniot za kladenje vkladilnica, odnosno rezultati kako vcerashnite so tolku kiksovi na "Golemite" ekipi.. Kladilnicite sekoj den se vo dobivka, toa e nesomneno, no vcerashniot beshe za niv "Zetva" :) ili koga ke pojdes na "Barbut", golemite igraci toa go vikaat "Kolenje"... :))
    A sega neshto za natprevarite i startot na dvete prvenstva..
    Real te iznenadi? - Mene voopsto NE! Pa toa e ona sto ti go velev, toj e onoj Real koj moze da primi gol od sekoja ekipa, toj e onoj Real koj ja osvoi titulata blagodarenie na toa shto Barselona mu ja podaruva so svojata nezainteresiranost za pobeda! Mene me iznenadi Barselona!! A vo edno vcera definitivno se uveriv!! Na Barsa ne i treba smena na Rajkard, na Barsa ne i trebashe da gi prodade Deko i Ronaldinho, na Barsa i treba kompletna smena na upravata! Znaesh, koga imash dve raskarani strani vo tvojot tim, kako slucajot so Ronaldinho i Deko na ednata i Rajkard na drugata strana, togash toj problem ne se reshava so toa sto dvete strani ke gi otstranis od timot, toj problem se reshava so toa shto ke se oslobodish od ednata strana.. i ke prodolzis so ostanatata grupa lojalna na Rajkard, ili ke pocnis nova era so nov trener so istite onie igraci koi gazea se pred sebe vo Spanija i vo Evropa! A prvite 3 kola vo Anglija, i ednoto vo Italija me ubedija deka vremeto na Deko i na Ronaldinho ne e izminato, deka dvajcata se igraci od svetska klasa, za igrata na Deko vo Celzi imam samo pofalni zborovi, dodeka Ronaldinho se slozuvam deka ne e 100 % onoj stariot, ne se dvizi tolku lesno niz terenot, no na natprevarot so Bologna imashe najvisoka ocenka dadena od site svetski novinari, a onoj koj go prateshe toj natprevar ke videshe deka Ronaldinho asistirashe pri prviot gol i mu sozdade najmalku dve 100 % sansi na Inzaghi i edna na Shevcenko... a nivnata forma i formata na ostanatiot Milan e prikazna sama za sebe.. Zborot mi beshe: "Sto beshe snosti novo vo Barsa???" Dali vide nekoja smena vo igrata na takticki plan, dali vide smena vo nacinot na pravenjeto na zamenite, kako snosti timot da go vodeshe Rajkard, nekade od daleku.. Povtorno Henry deluvashe dosta levo, onamu kade e najmalku opasen, Eto'o koga togas ke se najdeshe na pozicijata desno krilo, i povtorno istite ufrluvanja vo sredinata kako isturen spic igrac na Messi, Xavi i Iniesta!! Pa toa go znaeme.. a dovedovte nov trener, koj treba da ima vizija, nov plan, nova taktika, pa makar i da sedi na klupa eden od Xavi ili Iniesta!! Trenerot Guardiola, eden neiskusen strateg e samo prodolzuvanje na nizata greshki na upravata na Barselona i razocaruvanjeto na nejzinite navivaci.. Kako sakas kazi File, ama sinokeshniot rezultat beshe katastrofalen za barselona!! Ete taka se gubi titulata, toa go znaeme veke dve god nanazad, a kako sto gledam eve prodolzuva..
    Pa iskreno jas ne mozam da se pomiram so toa sto Inter izigra neresheno na gosti protiv Sampdoria, tim koj e na nivoto na eden Atletico Madrid ili Villareal vo Spanija, iako Inter imashe dosta problemi vo odbranata kade kako centralen defanzivec nastapuvashe Cambiasso zaedno so Materazzi koj odamna nemashe 90 min vo nozete, koj ima 35 god i se dvizi dosta bavno.. no sepak vodeshe so 0-1, i posle izramnuvanjeto pritisna i se obide da povede povtorno... na edno tesko gostuvanje pred 30.000 bucni navivaci.. Sto ne beshe slucaj so Barselona protiv edna Numancia, koja prashanje e dali se vodi vo registarot na UEFA :) Koga dojde Roberto Mancini vo Inter pred 5 sezoni, vovede nova taktika, 4-3-1-2, od ovaa godina Mourinho si vovede negova taktika 4-3-3, a sto e so Barselona? Znae li Guardiola nesto novo ili povtorno planira da go vodi timot po istiot princip kako do pred dve godini.. Pa koga Juventus menuvashe do pred nekoja godina, odnosno koga izbirashe strateg, toj ne se ni zadrza na poraneshni fudbalski legendi na timot, odnosno novopeceni treneri, tuku se odluci za iskusen strateg koj vodel dosta timovi, bez razlika dali gi vodel uspeshno ili ne.. A Barsa pogresi, odnosno upravata na Barsa uporno gresi, a toa ke go vidis so tek na vreme..
    Se na se, vcerashniot den spored mene e ogromno razocaruvanje za site navivaci na Barsa, za site vie sto se nadevate deka Barsa ke dominira vo Spanija!
    Milo mi e i mene za Napoli i za igracot koj ti go spomnav vo prethodniot post Hamsik, koj postigna izvonreden gol, iako Napoli igrashe so igrac pomalku, isto taka i za Lazio i nashiot Goran Pandev, a i za Atletico Madrid, koj pocna furiozno, no se nadevam deka nema da go snajde ona sto beshe slucaj so Lazio koga izleze vo grupite od Liga na Sampioni, koga poradi nedostig na fond na igraci se boreshe za opstanok vo italija.. Se nadevam deka Atletico ke izdrzi vo ovaa fenomenalna sezona vo Evropski Fubdal koja stotuku zapocna..
    Pozdrav!

    ReplyDelete
  2. Филе за Барса!

    Значи незнам како не им иде во глава. Абе ги напикаа во 16тник и упорно сакаа преку средина да им флезат и упорно. Жално е за една таква игра да се чува Ето. Ако играат ваква игра им треба некој од стилот на Ванчо Нистелрој. Ја прима, се гради, наоѓа милиметар простор шутира и гол!

    Овие ја пимплаа 90мин!

    Многу пати имам речено досега и пак ќе речам: Меси не е лидер!!! Никогаш и нема да биде!!! Само е медиумски исфорсиран за таков и во Барса и во Аргентина!

    ReplyDelete
  3. ...Армагедон, со тебе се сложувам во едно, Калчото се враќа на голема врата...но само да споменам едно, Деко и Дињо, во Барса завршија, повеќе од тоа не можеше...кога ќе дојдеш до врвот некаде, единствено што останува е да ја промениш средината, заради нов ентузијазам...тоа е нешто што со тек на време и со тек на години се троши, затоа за успешна работа и успех лично кај себе, потребно е секој на неколку години да ја менува работната средина...затоа кај нив сега ќе гледаме дополнителен ентузијазам... а со тебе Гринго, не се сложувам воопшто...тоа е твој став, ок...мојот го знаеш... :-) поздраФ.

    ReplyDelete
  4. Anonymous02:58

    Ajde File sto ke kazes za izminatoto kolo ili ke cekas pa zaedno so liga na sampioni ke dades nekoj stav!!

    ReplyDelete