27.6.09

„ДИСЦИПЛИНА„ СЕ ВИКА ПРВИОТ ЧЕКОР КОН ПОБЕДАТА (ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД НА ПОСВЕТЕНОСТА)


Во овие летни фудбалски паузи, како никогаш досега со толку малку фудбал, но затоа веројатно „Конфедерациите„ и „...до 21„ го имаат приматот исто така како никогаш досега...


Наскоро повторно ќе се вратам со честите неделни текстови, кои ми претставуваа огромно задоволство поради честите ваши „издржани„ забелешки и коментари, но сега само сакав да го одбележам моментот кој мислам дека претставува најпозитивен сегмент во иднината на фудбалот, која допрва ќе ја гледаме.


Тоа е репрезентацијата на САД, репрезентацијата на Јужна Африка, репрезентацијата на Шведска (до 21) и уште многуте тимови кои само ги верификуваат новите стандарди поставени од неколку клуба во изминатите години.

Имено, уште еднаш само се потврдува дека новиот светски фудбалски поредок има само еден свој закон „ДИСЦИПЛИНА„. Дисциплина во спроведување на добрите и квалитативни поставени формации, дисциплина во брзата трансформација при „посед на топка„ и „финализирање на акцијата„, дисциплина при „губење на поседот„ и транзиција во „одбрана со пресинг„ уште во првите линии на противничката половина.


Само со дисциплина добрите тренери можат со своите понекогаш и послабо технички подготвени индивидуалци да го победат фаворитот. Примерот беа токму трите репрезентации кои погоре ги споменав, кои во само 4 дена направија прекрасни презентации на својата игра. Технички послаби од своите противници, но дисциплинирани и кондиционо подготвени на исто ниво како и нивните противници-фаворити.


Штета што голем дел од нашите спортски коментатори не го разбираат фудбалот во својата суштина, па постојано сето тоа беше „коментирано„ со „...победи поголемата желба за победа...„ не коментирајќи ги во ниеден дел од целиот натпревар„ распоредот на формациите во брзите транзиции од напад во одбрана„ и обратно (кога тие транзиции се правеа во брзо префрлување на топката во контра со 3+1 или во одбрана со активен пресинг уште при самото „губење на топката„ со покривање на најблиските 2 позици, принудувајќи го противникот на долга топка или враќање назад за добивање на простор за повторно форматирање на трите линии во перфектна координација на сите полиња), не обрнувајќи ни еден миг на дисциплината на сите 1о-мина во фаза на напад и одговорностите кои ги имаа истите и во одбраниот дел ... можеби и јас премногу барам од луѓе кои се „специјалисти за спорт, од фудбал до бочање„ но сепак не можам а да не реагирам, бидејќи сепак помина времето кога само ТВ Скопје нудеше фудбал на ТВ. Сега, го имаме насекаде, а со малку повеќе професионална секојдневна и максимално посветена работа, може да се постигне вистинското потребно ниво. На крајот од краиштата, нивоата за споредби ги имаме насекаде околу нас, од Португалија до Русија....


П.С.

„...веројатно сеуште во Македонија малкумина се оние кои ќе го следат најпозитивниот пример на вистинската професионална работа на нашава тема, примерот кој многу години нананзад го постави Љубомир Николовски (NBA)…„

4 comments:

  1. Потполно го делам ова мислење со тебе. Дисциплината е огромен фактор за успех, малите репрезентации само со дисциплина и концентрација во текот на сите 90 минути можат да изненадат. И многу пати сум се нервирал Македонија кога ќе прими евтин гол од недоволна концентрација на некој фудбалер, а тоа за жал ни се случува многу многу често. Ако Грција можеше само со дисциплина и концентрација да стане Европски првак, јас сум сигурен дека нас токму тоа ни фали за да се пласираме на едно големо натпреварување.
    Што се однесува до коментаторите и тука го делам мислењето, само одамна сум престанал да го барам Љубомир Николовски во останатите коментатори, едноставно тој е многу пред сите. Иначе им се дивам на босанските коментатори, одлични се, забавни, возбудливи и разбираат фудбал.

    ReplyDelete
  2. Tocno file od zbor do zbor nemam so da kazam drugo

    ReplyDelete
  3. Фудбалот во последните 6-7 години претрпе драстична трансформација. Тоа дава шанса за се поголема конкурентност и на финасиски и ограничени со таленти клубови и репрезентации. Со тоа се добива неизвесност и поинтересност во натпеварувањата. Исто така се повеќе се симнува границата на ефективните фудбалски години, што овозможува се повеќе и повеќе младите играчи да се базата на клубовите и репрезентациите. Но пак новиот фудбал и бара и се повеќе олраунд фудбалери, полека се губат фудбалерите кои се специјализирани за одредена задача на теренот.

    Во поглед на коментаторите, може да се дискутира различно. Филе и ти сам знаеш дека се почнува како ентузијазам но подоцна се бара и исплатлива причина. Некој нема ни воља да се замара со повеќе од шаблонското коментирање кога примил мизерна плата или воопшто не примил. а1 почна на правиот пат нормално со огромна помош и на официјалниот броудкастер на правата за премиер лигата кои обезбедува страшни податоци кои ретко се среќаваат и помагаат во надградување на коментирањето. На крај за некои фудбалот е занимација , за некои занимање, за некои пасија, но за некои е начин на живеење и секој го доловува на начин за кои има капацитет и желба да го долови и разбира.

    ReplyDelete
  4. ...се сложувам со тебе за се сем за „...се почнува со ентузијазам но подоцна се бара исплатлива причина....Ќ ...тоа знаеш и сам дека е еден круг без почеток и крај... Ако работиш добор, секој ќе сака да те земе на работа, а ако немаш ентузијазам и љубов во работата, тоа ќе го забележи и „работодателот„...на крајхот од краиштата има еден куп млади деца кои имаат и љубов и ентузијазам и талент и сакаат да работат...и точно е дека секој треба да си најде своја исплатвливост...што значи, оправдување нема... зошто ти кај тебе не вработиш некој што одвај чќека да дојде 3 и да си оди дома, што ти забушавфа и к...го боли дали ти ќе бидеш задоволен од него или не...а уште помалку дали муштериите твои ќе ти се жалат од него или не... битно е само да му дадеш плата на 1-ви... зашто не вработиш некој со такви однесувања? ... значи, незнам зашто не се сложуваме во нешто што знаеме и јас и ти дека е така? ...уствари... на крај нема везе, кој што сака и како сака...јас можам да зборам само субјективно на оваа тема.... поздрав :-)

    ReplyDelete