29.2.08

СИЛАТА НА УДАРОТ НЕ ЗНАЧИ И УСПЕШЕН УДАР

Последните натпревари во средата ја отвараат завршницата во најубав крај.
Барселона, за првпат ја гледав во ваква формација од првите минути. Да бидам искрен, иако читав дури еден ден претходно дека Рајкард ќе стартува против Валенсија со Анри, Меси и Ето` а веднаш зад нив Деко и Чави, исклучувајќи го Иниеста, малку бев скептик дека тоа се само шпекулации. Очекував дека на неколку часа (како што многупати тоа го прави) Рајкард ќе ја објави вистинската формација... Но, не се случи. Бев исклучително нестрплив до 22 часот. Го следев атрактивниот и незивесен дуел Интер - Рома, а со умот бев на Камп Ноу. Претпоставував дека тоа ќе биде дуел на мачка и глушец, во кој Барса требаше (според моите претпоставки) да ја распара мрежата на Хилдебранд.
Нестрпливоста ми стана уште поголема, откога ме задоволи и резултатот на Лацио, нови три бода за опстанок...
Старт на Камп Ноу...


Експеримент Рајкард: „ГУШЕЊЕ НА СРЕДНИОТ РЕД„!


...Натпреварот заврши.1:1.
Јас сеуште не верував, што гледав.
Неколку факти долго во ноќта ми одбројуваа.
Валенсија, првпат конкретно се закани во 67-та минута и постигна гол.
Имаше само два шута кон Валдес, наспроти 28-те на Барселона.
Тимо беше фантастичен.
Барса изведе 13 корнери, а Лос Че ниту еден!
Да не беше „рачето„ на Ето`, можеби немаше да има ни изедначување.
Страшно!
Анри, неколкупати се судри со Чави, и тоа во препознатлива акција од нападот. Воедно беше и еден од најслабите.
Двапати дури и камерите го забележаа тоа.
Деко беше вон ритам, или доцна или го немаше.
Абидал со неколку добри излети направи прогрес во играта.
Меси и Ето повторно меѓу најдобрите, но како средината да се гушеше самата со себе.
Милито фризиран во улогата.
Пујол повеќе повлечен, како што играше пред години. Во секој случај регресивно.
Влезе Иниеста.
Доцна.
Бојан, личеше на: CTRL+C Меси CTRL+V.
Бледо.
Валдес, двапати имаше работа, еднаш погреши. 50%. Многу слабо.
А резултатот очаен.
Очекував дека ова ќе биде газење.
Каталонците, едвај спасија глава.
А Валенсија никаде ја немаше, не спои ниеднаш повеќе од три додавања, а беше на чекор од победата.
Експериментот не успеа.
Ѓаволот ја однесе шегата.
Среќа што ова се случи во најслабото натпреварување и среќа што за ова не летаат глави. Атлетико со ваков среден ред и напад, тешко ќе се совлада дури и ранет, каков е сега. Да не зборам дека овој експеримент, скапо би го чинел дури и во борбата против Реал и во Лигата на Шампионите.
Но факт е едно. Фудбалерите нималку не се криви. Го дадоа повторно максимумот. Да се надевам дека Рајкард научи нова лекција, на која бевме сведоци и ние со него... за првпат... и дај Боже, последен.




П.С.

„ Во Валенсија сигурно дека најпозитивното беше промовирањето на Хилдебранд во прв голман уште долго време. Кањизарес, готов е за пензија или за друг клуб... А зошто не ја искористија приликата па да го наполнеа Валдес? Неможеше да се пробие средината... толку беа измешани лончињата што се гушеше дури и нападот на Валенсија, кој беше вовлечен во експериментот на Рајкард... а како ли ќе беше ако на местото на Куман беше Мурињо кој „бодеше„ со долги топки прескокнувајќи од линија во игла или пак Анчелоти, кој може така да ја дозадуши (умртви) противничката средина, ослободувајќи простор за прелет кон шпицот кој пак дреме на линија офсајд...којзнае....„

10 comments:

  1. :) Па се сложувам во повеќето работи, и јас би го споменал прогресот на Абидал, ама јас мислам дека Барса одигра одлично, недостасуваше реализација, а да влезеа неколку топки претходно, приказната ќе беше сосема друга.
    Како и да е, побитно е во сабота да одиграат на ниво и да се обидат да не изгубат, бидејќи овој меч може да биде од витално значење.

    ReplyDelete
  2. Anonymous16:29

    Тимо беше феноменален, како од времето на Штутгарт. Ама не знаев дека има толку пискав глас :))))

    Заборави да го пофалиш Чави - последниве 2 месеци ако не ни е тој, ќе се бркавме со Виљареал :)
    Слично како и Редфингер, мислам дека ако влезеше топката порано ќе имаше голеада. Не дека нашиве беа толку слаби, колку што Тимо и одбраната беше беспрекорна. Единствено можеби премногу се солираше во нападот. Сите некако се обидуваа да си создадат простор за шут (што пред густата одбрана на Валенсија беше невозможно) отколку да му овозможат на соиграчот да се најде во таква ситуација. Мислам дека да играше Роналдињо ќе беше поразлично. Неговите очи ќе направеа сјајни асистенции. Всушност, можеби е подобро Рајкард да го форсира само како асистент, да не се труди повеќе да дрибла, зашто така ќе биде поефективен. А, намерно беше изоставен за да имаат простор другите. Сега в сабота, веројатно ќе почне Рајкард со Ето, Роналдињо и Меси, а Анри ќе влезе во второ полувреме. И Иниеста би требало да игра на местото од Деко, кој може да одмори еден меч.

    ReplyDelete
  3. Anonymous01:42

    File super ti e blogot, i milo mi e sto se imame vo prijateli. Se obiduvav nekolku pati dosega da ti pisam komentar no imam problem so nivno prakjanje na tvojot blog. Ne sum siguren ni dali ovoj ke uspee, no znaj deka i drugi imaat problem so komentiranje tuka.

    Pisuvam od fakultet, a tuka nemam kirilicna podrska, a nema ni vreme za poveke... pa se citame stom sednam doma na raat. Pozdrav!

    ReplyDelete
  4. Anonymous01:44

    Ahaa, mu ja najdov fintata :)
    Dojdi si be brat na blog.com.mk :)

    ReplyDelete
  5. ... да во право сте за некои забелешки... ќе гледаме како ќе биде во сабота!? ... може да се десат чуда... а што се однесува до последниот предлог... мислам дека овде е ок, помалку гужва има а и плус, политиката таму малку не ми се допаѓа..ова е лично, можда не сум у право, али тоа е ...

    ReplyDelete
  6. Anonymous00:23

    Ја мислам ке изгуби барса од Атлетико ама не им игра Агуеро.Постот 5ка:)

    ReplyDelete
  7. Anonymous00:49

    Најубаво ке биде и Барса и Реал да си тепаат комотно во ова коло, а возбудувањата да следуваат понатаму. Сакам и двата тима да ги видам во полн капацитет во ЛШ. Сакам добар ждреб, моја желба се Реал - Челзи и Барса - Манчестер!

    И најважно од се сакам класико кое нема да биде само натпревар за престиж, туку класико со сегашнава бодовна негатива за Барса во кое на најдобар начин ке има шанса да докаже дека се најдобри во Шпанија.

    ReplyDelete
  8. Anonymous08:02

    Kako komentar ti go nudam mojot najnov mini post.

    ReplyDelete
  9. Anonymous01:37

    Ај сега да те видиме што ке пишеш :)Многу ентузијастичен делуваше до вчера нели.

    Али вчера ви се случи вистински потоп. Одбраната ви е катастрофа, на ниво на еден просечен тим, ништо повеке. Тактика никаква, борбеност и колективен дух нула. Имате среќа што сеуште имате вонсериски поединци кој со индивидуални блесоци го шминкаат општиот впечаток на тимот, али јас лично 10 пати повке уживам во играта на Реал на пример отколку вашата. Не навивам за никој во Шпанија, но искрено ке ти кажам дека Реал заслужува да биде повторно шампион!

    ReplyDelete
  10. ...ако си забележал, токму тоа и јас го пишував...не до таа мера како ти, ама постојано зборував (дури и во саботната епизода на ТОПКИ) дека иако се два бода, сепак се големи како планина...а ако повнимателно ги прочиташ постовите ќе го забележиш истотот... Барса има проблем со Рајкард, со ништо друго !... ова воопшто не е првање терен дека треба да биде амортизирање на поразот за титула... туку тоа е факт...а исто така сметам дека Барса многу подалеку ќе стигне, пак од Реал во Лигата на Шампионите...но за тоа следната недела....

    ReplyDelete